МЦМС е основач на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП). МРФП ги спроведува планираните активности од Деловниот план на МРФП 2007-2011 година, преку програмите Развој на финансиски услуги, Развој на финансиски институции и Промоција на претприемништвото.
Финансиски услуги
Целта на програмата е подобрување на пристапот до финансиски услуги за развој на микро и малите бизниси.
Во 2007 година, со програмата се опфатени 27 мало претпријатие и 1,292 микропретприемачи. Вкупниот исплатен износ е 199,826,993 МКД (евра).
Кредит за поквалитетни производи
Во селото Речица кумановско покрај селскиот пат може да се забележи еден убаво среден двор, тука се наоѓа куќата на семејството Станојковиќ. Од земјоделската механизација во дворот јасно се гледа дека се работи за семејство кое својата егзистенција ја обезбедува преку земјоделството. Сите членови на семејството се вклучени во работата. Најмногу одгледуваат пиперки.
„Пиперките се од многу висок квалитет, бидејќи цело време се контролира процесот на одгледување“ – ни изјави Анета Станојковиќ. Со цел да го подобрат квалитетот и производството одлучиле да набават дополнителна механизација, затоа се обратиле до штедилница Можности за да земат кредит. Кредитот во износ од 5.600 евра им бил одобрен од средствата на кредитната линија на МРФП. Со овие и со 6.000 евра сопствени средства набавиле садачка за пиперки, фреза, пумпи за наводнување и друга попратна механизација. Сега квалитетот на производите е уште поголем што се гледа и од обезбедениот пласман на производите. „Со напорна работа и со одржување на висок квалитет секогаш има пласман за производите“ – ни рече Анета.
Промоција на претприемништвото
Целта на програмата е да се зајакнат капацитетите на актерите во секторот ММП.
Во текот на 2007 година МРФП обезбеди програмска и организациска поддршка на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ). Поддршката обезбеди градење на капацитетот на комората, подготовка на Стратешкиот план, обука за 14 претставници на управните органи на комората, опрема за канцеларијата на комората. Беше спроведено истражување како и подготовка на база на податоци за потребите на Комората.
Во делот на промоција на позитивни примери беше организиран „Европски ден на претприемачот“ и за прв пат беше организиран „Претприемач на годината – 2007“.
повеќе информации на www.mrfp.org.mk



Twitter
Digg
Del.icio.us
Reddit
StumbleUpon
Yahoo
Googlize this
Facebook
Wikio




