Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за волонтери PDF Print E-mail
Friday, 18 August 2017 14:41

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамки на својата програма за волонтирање и практиканство, распишува оглас за 3 (три) волонтери со цело работно време за период до 3 месеци. Волонтерите ќе бидат вклучени во проектнитe активности на МЦМС, а фокусот на активностите ќе биде на локалните избори.

Работните обврски на волонтерот/ката ќе бидат: 

  • Собирање и обработка на податоци;
  • Поддршка во подготвувањето на кратки вести и анализи; 
  • Поддршка при организирање на настани;
  • Други работи поврзани со работата на МЦМС.

Предност ќе имаат кандидати со одлични вештини на работа во MS Windows, MS Office и пребарување на Интернет. 

Ангажманот ќе се спроведува во периодот 10 септември – 10 декември 2017 година. За својот ангажман волонтерите ќе добијат надомест на трошоци за храна и превоз

Избраните волонтери ќе добијат и обука за спроведување на работните задачи. 

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на адресата: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 27 август 2017. 

Само предселектираните кандидати/ки ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и интервју.

Заинтересираните кандидати можат да ги поставуваат своите прашања кај Наташа Иваноска на е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

oglas volonteri

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

New

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Повик за волонтери