Обука за граѓанско новинарство Print
Tuesday, 16 January 2018 15:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите заинтересирани да се пријават на обуката за граѓанско новинарство која ќе се одржи во Охрид на 8 и 9 февруари 2018 година.

obuka za gragansko novinarstvo oglas

Во текот на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења и практични вештини од областа на граѓанското новинарство. Обуката ќе опфати теоретски и практичен дел за пишување на новинарски стории, фото и видео новинарство и етиката во граѓанското новинарство. Социјалните медиуми како канали на комуникација ќе бидат дел од програмата, како и блогирањето како можност за правење општествена промена.

Ги поттикнуваме да се пријават сите оние кои сакаат да ги прошират своите знаења во областа на граѓанското новинарство и кои се силно мотивирани во иднина да го пренесат нивното знаење на другите.

Рокот за пријавување е до 2 февруари 2018 година.

Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат пријавата на следниот линк: https://goo.gl/forms/XlJgyvn0Y2nOFRlZ2

Пријавите ќе бидат оценети и селектирани од страна на МЦМС и обучувачите.

Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, освен патните трошоци за учесниците кои доаѓаат од градот каде што се одржува обуката. Патните трошоци ќе бидат покриени во висина на повратен автобуски билет.

За сите дополнителни информации контактирајте ја Фанија Ивановска, на е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it