Основна обука за недискриминација Print
Wednesday, 28 May 2008 01:00
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе организира основна обука за недискриминација. Обуката ќе се одржи во Скопје од 10 до 12 јуни 2008 година. Во текот на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења и практични вештини од областа на основните човекови права и еднаквите можности и недискриминацијата. Обуката ќе има теоретски дел за човековите права, но исто така ќе има практични вежби и работа во групи. Особено внимание ќе се посвети на меѓународната регулатива за човековите права (системот на Обединетите нации, Советот на Европа, ОБСЕ и законодавството на Европската унија), како и на тековната состојба во Македонија.

Право на учество имаат активистите за човекови права кои се членови на граѓански организации од Македонија, посветени на идејата за еднакви можности и борба против дискриминацијата.

Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат пријавата и да достават мотивациско писмо (не подолго од 500 збора). Пријавите ќе бидат објективно оценети и селектирани од Комитет составен од претставници од МЦМС, ОБСЕ и обучувачите.

Рок за пријавување е 4 јуни 2008 година, до 16 часот.

Пријавите испратете ги по факс на 02 3065 298 или по пошта на адреса: Македонски центар за меѓународна соработка, ул. Никола Парапунов, бб, П.Фах. 55, 1060 Скопје.

Пријава за основна обука за недискриминација

Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, освен патните кои ги покриваат учесниците.

За сите дополнителни информации контактирајте го Кренар Кука, на е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it



Related: