Повик за доделување партнерски грантови [ЦМ-ПГ] Print
Tuesday, 18 July 2023 08:33

Цивика мобилитас објавува повик за доделување партнерски грантови [ЦМ-ПГ]

CM PG 2023

Пријави можат да поднесат:

  1. Граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации
  2. Други невладини, непрофитни, граѓански здруженија регистрирани согласно Законот за научно -истражувачка дејност.

Во овој повик за партнерски грантови, апликациите МОРА да имаат еден носител и најмалку ДВА партнери. Партнерите треба да бидат регистрирани како една од погоре наведените категории.

Носителот и партнерите мора да се регистрирани на платформата: www.grants.mk (Преземи Водич за креирање профил). Откако ќе се регистрираат, само НОСИТЕЛОТ треба да ги внесе информациите поврзани со концептот односно, да се регистрира на овој повик за предлози. НОСИТЕЛОТ мора да ги додаде партнерските организации (со внесување на нивните единствени матични броеви) кои ќе треба да го потврдат партнерството преку конфирмација која ќе биде побарана на нивната е-пошта (внесена при нивната регистрација на платформата). За овој повик достапен е Водич за апликантите

Процесот за аплицирање е целосно он-лајн. Овој повик за предлози е поделен во две фази: КОНЦЕПТ и ЦЕЛОСНА ПРИЈАВА која ја пополнуваат само оние што ќе ја поминат првата фаза. Комисијата за избор на грантови (КИГ) ќе ги оцени и избере потенцијалните грантисти врз основа на нивните концепти. Избраните апликанти ќе бидат поканети да развијат целосна пријава во директна соработка со тимот на Цивика мобилитас.

Во овој повик за предлози приоритетот е ставен на апликантите и нивното здружување на сили и концентрирање на нивните достигнувања во неколку области/теми, за да постигнат промени таму, каде претходно работеле одделно. Предложените активности треба да придонесат кон целите и приоритетите на овој повик кои може да ги најдете во Водичот за апликанти.

Времетраењето на активностите треба да биде помеѓу 30 и 36 месеци. Големината на побараниот грант треба да изнесува најмногу 14.500.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – во улога на носител или на партнер.

Краен рок за поднесување на пријавите е 30 август 2023 г. до 13:00 часот.

Апликантите ќе бидат известени преку е-пошта за приемот на нивниот комплетиран концепт. Цивика мобилитас нема да ги прифати апликациите пратени по редовна пошта или лично доставените апликации.

Носителот ќе треба да приложи:

  •  Доказ за правен статус на носителот и партнерите (тековна состојба издадена од Централниот регистар, не постара од шест месеци од денот на објавувањето на овој повик (14 јули 2023 г.); се прифаќаат и скенирани верзии.
  • Скенирана Изјава на апликантот – носител (пополнета и потпишана од неговиот законски застапник)

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 31 јули 2023 г. Предметот на пораката треба да ја содржи референтната ознака за овој повик: ЦМ-ПГ. Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.

ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА

Отворање на повикот за предлози 14 јули 2023 г.
Информативни сесии 20/25/31 јули 2023 г. 
Краен рок за поднесување на пријави 30 август 2023 г., 13:00 ч.
Одлука на Комисијата за избор на грантови септември 2023 г.
Известување за изборот на апликанти за развој на целосна пријава септември 2023 г.
Развој и подготовка на целосни пријави септември – октомври 2023 г. 
Преговори и потпишување договори октомври 2023 г.

ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ

Цивика мобилитас ќе одржи три информативни сесии за овој повик за предлози. Прелиминарниот распоред за овие информативни сесии е:

ГрадЛокацијаДатумВреме
Штип Граѓански ресурсен центар – Штип
Петта партиска конференција бб (Мултимедијален центар Канал 77), 3 кат, 2000
20.07.2023 12:00
Гостивар Граѓански ресурсен центар – Гостивар
Бул. Браќа Гиноски 1/спрат 1
25.07.2023 12:00
Скопје Хотел Александар Палас
Булевар 8 Септември бр.15
31.07.2023 12:00

Related: