Македонски центар за меѓународна соработка

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
МИА: МЦМС ги презентира резултатите од истражувањето
Thursday, 04 December 2008 14:13
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon
There are no translations available.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денеска ги презентираше резултатите од третиот дел на истражувањето „Доверба во граѓанското општество“, усна анкета направена на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници.

Анкетата е спроведена од Институтот за социолошко-политички-правни истражувања од Скопје.

Според податоците, довербата на граѓаните во институциите е 43,9 отсто, а во граѓанските организации 41,7 отсто.

- Најголема доверба е искажана кон медиумите со повеќе од 50 отсто, а најмалку во политичките партии 29 отсто. Во однос на граѓанските организации довербата е најголема кон организациите кои работат со лица со посебни потреби, рече Сунчица Саздовска, раководител на Одделението за граѓанско општество при МЦМС.

Довербата во државата со 48,1 отсто е во раст во однос на минатите години. Општата доверба во црквите и верските заедници е висока и стабилна со 65,6 отсто, а во свештените лица граѓаните веруваат со 54 отсто.

- Црвениот крст е организација со најголема доверба и организација во која луѓето најмногу го препознаваат работењето кон намалување на сиромаштијата. Голем процент од граѓаните или 81,8 отсто се изјасниле дека граѓанските организации се злоупотребени од политичките партии или од нивните лидери, додаде Саздовска.

Општ заклучок е дека негативните мислења за конкретни граѓански организации бележат релативно зголемување во однос на позитивните.

Првото истражување од МЦМС од ваков вид е спроведено во април 2006, а второто во јули 2007 година.

 

Извор: МИА (04.12.2008)

 

Google превод

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

New

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media МИА: МЦМС ги презентира резултатите од истражувањето