Македонски центар за меѓународна соработка

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Утрински весник: Промовирани пет истражувачки публикации за граѓанското општество
Monday, 30 March 2009 10:46
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon
There are no translations available.

Во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, неделава во Скопје беа промовирани уште пет, од вкупно деветте истражувачки публикации што треба да претставуваат основа за дискусии и за развој на стратегии и планови за развој на граѓанското општество, базирани на истражувања и аргументи.

Утрински весник: Промовирани пет истражувачки публикации за граѓанското општество

„Феминистички почетоци на социјалната работа“ од Билјана Страмшак- Ѓуровска , „Граѓанските организации во Република Македонија“ - врска помеѓу државата и јавноста или изолиран ентитет (анализа на состојбата од 1990 -2007)“ од Симонида Кацарска, „Односите со јавноста на здруженијата на граѓани во Македонија“ од Маријана Иванова, „Успех во 10 чекори -создавање локален акциски план за прашањето на хендикепот“ од Африм Илјази и „Аспектите на човековата безбедност во Македонија - стари или нови војни“ од Ивана Томовска, се насловите на трудовите поддржани со грант од 730.000 денари. За нивната содржина и значење говореа Слободанка Марковска, Сашо Клековски, Билјана Петковска, Звонко Шаврески и Сашо Петковски.

Меѓу публикациите спаѓаат и трите промовирани на крајот на минатата година: „Слободата на изразувањето“ од Слаѓана Димова, „Невладиниот сектор како етички императив на општеството“ од Дејан Донев и „Функционирањето на економско-социјалниот совет на РМ“ од Андон Мајхошев. (К.Б.)

Извор: Утрински весник (28.03.2009)

 

Google превод

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

New

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Утрински весник: Промовирани пет истражувачки публикации за граѓанското општество