Дебата: Дискриминација по основ на возраст Print
Tuesday, 01 October 2013 12:54

На 3 октомври 2013 г. (четврток) во 10:00 ч. во конференциска сала на Дуна компјутери во комплексот Хипериум, Скопје МЦМС организира дебата „Дискриминација по основ на возраст“.

Целта на дебатата е да се презентира моменталната состојба во Македонија, европските искуства и практиките на дискриминација по основ на возраст. Исто така ќе се разгледа и улогата на институциите на системот во борбата против дискриминација по основ на возраст, посебно на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД). Посебен осврт ќе се даде на ранливи групи деца, како децата без извод од матичната книга на родени, децата исклучени од образование и деца чиј труд се злоупотребува.

Фасилитатор на настанот ќе биде проф. Др. Беким Кадриу, додека воведничари проф. Др. Ризван Сулејмани од Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) и м-р Драги Змијанац од Прва детска амбасада во светот - Меѓаши.

Со задоволство Ве покануваме да се придружите на настанот, Вашето присуство ќе придонесе за исполнување на целите на проектот - почитувањето на еднаквоста и борбата против дискриминацијата.

Дебатата е дел од активностите на проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ кој го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус – движење против хендикеп, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот финансиски е поддржан од програмата Прогрес (2007-2013) на Европската Унија.

Главната цел на проектот е да се придонесе кон почитувањето на еднаквоста, како и да се поттикне борбата против дискриминацијата, преку подигнување на свеста на широката јавност, но и на клучните чинители во општеството. Понатаму, преку проектот ќе се унапредат националните правни инструменти и механизми, со цел да се надминат најголемите предизвици во справувањето со дискриминацијата во пракса.

За потврда на вашето присуство и за дополнителни информации контактирајте го Фисник Шабани преку е-маил This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или на телефон 070/632-692 и 02/3088-994.

Преземи дневен ред за настанот.

Facebook event.


Related: