Поддршка на ромските организации за подготовка на проекти Print
Monday, 04 November 2013 09:50

Дваесет и двајца учесници од ромските организации “Баирска светлина“ од Битола, “Черења“  и “Хуманитарното здружение на млади Роми“ од Штип,  “Авена“ и “Еднакви за сите“ од Кочани, “Тернипе МК“ од Делчево, “Амбрела“ од Скопје, како и претставник од одделението за ЛЕР при општина Прилеп на 29 и 30 октомври 2013 година во Скопје учествуваа на Работилница за подготовка на предлог проекти кои ќе бидат поднесени до ФООМ, СИОФА и други донатори во  Република Македонија.

IMG 8680

„ИнСоК и МЦМС и во тековнава година, несебично, професионално и детално, со “широко отворени врати“ ја продолжуваат соработката со ромските организации во Република Македонија“ вели Жаклина Пауновска-Ангелковиќ од ЗГ “Еднакви за сите“ од Кочани. Според неа, со одржување на овие обуки на кои учесниците добиваат стручна присмотра, насоки и надополнувања на својата работа, се јакнат капацитетите на ромските организации и истите се приближуваат до фондовите кои се достапни за нивно аплицирање.

И во ЗГ “Амбрела“ од Скопје се задоволни од работилницата за подготовка на проекти. „Мислам дека овие работилници се навистина корисни бидејки ние од невладините организации немаме многу капацитети и знаење во однос на подготовката на проекти за ИПА, ЕУ и други други фондови достапни за аплицирање. Овде имаме можност да размениме искуства и знаење, а воедно имаме прилика и меѓусебе да се договориме за заедничко аплицирање на повиците кои се релевантни за нашите организации“ рече Љатифе Шиковска од “Амбрела“ од Скопје.

IMG 8698

На работилницата, проектните идеи на организациите беа развиени во предлог проекти, а им беа дадени и инструкции за комплетирање на целокупната документација потребна за аплицирање. Оваа иницијатива се реализираше во рамките на програмата Пристап на Ромите до фондови (ПРФ), финансиран од ОСИ Будимпешта, со која МЦМС придонесува кон градење на капацитетите на Ромите во Македонија за нивна одржлива општествена инклузија.

Работилницата ја фацилитираа Валентина Чичева од МЦМС и Самет Скендери од Иницијатива за социјална промена (ИнСоК).


Related: