Поттикнување на јавноста за учество во процесот на донесување на законите Print
Tuesday, 19 November 2013 10:13

МЦМС од денес (18.11.2013) започна со издавањето редовни неделни и месечни прегледи на објавени предлог закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР). Ова е дел од планираните активности за следење на  отвореноста на процесите за подготовка на закони. Следењето на ЕНЕР се спроведува во рамките на проектот Огледало на Владата што е дел од Програмата на УСАИД за анти-корупција.

pregled

Целта е да се зголеми информираноста на граѓаните и да се поттикнат граѓанските организации да учествуваат во раните фази на подготовката на законите.

Неделниот преглед ќе се објавува секој понеделник и ќе содржи информации за предлог законите објавени на ЕНЕР во  претходната недела. Освен тоа, ќе има и директни линкови до објавените закони па граѓаните и граѓанските организации ќе имаат можност да ја продолжат комуникацијата (преку коментирање и давање предлози) за соодветниот предлог закон, директно на самиот сајт на ЕНЕР. 

Месечниот преглед ќе се објавува секој 5-ти во месецот и ќе содржи информации за  почитувањето и за отстапките од минимално пропишаниот рок од 10 дена за консултации со јавноста (Според Деловникот за работа на Владата, Службен весник на Република Македонија бр. 36/08).

Доколку сакате да ги добивате неделните и месечните прегледи Огледало на Владата, регистрирајте се на интернет страната http://ogledalonavladata.mk

registriraj-se

Погледнете го Неделниот преглед на отворени закони на ЕНЕР бр. 1, кој се однесува на периодот од 11 до 17 ноември 2013 г.

Програмата на УСАИД за анти-корупција, ја спроведува МЦМС. Целта на програмата е зголемена информираност и знаење на граѓанските организации и граѓаните за барање отчетност од институциите како и придонес кон нивниот повисок интегритет. Партнери во спроведување на Програмата се Институтот за демократија – Социетас Цивилис, Скопје (ИДСЦС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија.


Related: