Недоволно државни средства за граѓанските организации - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Недоволно државни средства за граѓанските организации PDF Print E-mail
Thursday, 24 November 2016 14:10

Добрите практики на финансирање на граѓанските организации од регионот и Европа беа вовед во дискусијата за подобрување на системот на државно финансирање на граѓанските организации во Македонија што се одвиваше за време на конференцијата „Потенцијалот на државното финансирање за одржливоста на граѓанските организации“, во Маврово на 8 и 9 ноември 2016 година. 

Nedovolno drzhavni sredstva za gragjanskite organizacii 3

„Приоритетите за државно финансирање мора да бидат дефинирани врз основа на стратешки документи на национално и локално ниво, а финансирањето мора да биде во согласност со јавниот интерес“, истакна Горан Форбици од  Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС). Тој зборуваше за моделите на финансирање на шест држави во Европа, од кои пет се со транзициски политички контекст, како Македонија. Сите модели се дел од  Споредбената анализа на системот на државно финансирање на граѓанските организации. Дел од мерките што функционираат во Словенија, а може да се применат во Македонија, според Форбици се  одвојување на процент од персоналниот данок за ГО, државно финансирање за ГО кои вршат социјални услуги, прекугранично застапување и зајакнување на секторот.

Вања Шкориќ, правен советник во Европскиот центар за непрофитно право (EЦНЛ) ги презентираше наодите од Компаративната анализа за распределба на приходите од игрите на среќа за поддршка на граѓанските организации во Хрватска, Ирска, Обединетото Кралство и Холандија. За добрите практики и искуства од хрватскиот модел на поддршка на граѓанските организации зборуваше. 

„Финансиската поддршка не треба да биде имплицитна обврска за државите, но секогаш треба да биде земен предвид јавниот интерес“, истакна Весна Лендич Касало, заменик директорка на Канцеларија за соработка со граѓански организации во Владата на Република Хрватска. Поддршка за ГО во Хрватска изнесува околу 218 милиони евра годишно. За искуствата од Косово зборуваше Реџеп Васоли, раководител на сектор за европска интеграција и координација на политики во Министерството за финансии во Косово.

Искуствата на граѓанските организации и моменталната ситуација во Македонија, ги презентираше Симона Огненовска од МЦМС. Анализираните податоци покажуваат дека има недоречености во ставката 463-Трансфери до невладини организации. „Се добива впечаток за повисок износ на поддршка за ГО, висината на средства наменети за ГО е несоодветна, а средствата од игри на среќа и забавни игри кои се главен извор на приходи од државата за ГО се доделуваат на неколку однапред познати ГО“, рече таа. Само за 10% од директните буџетски средства просечно годишно од 463 има отворен јавен повик

Сунчица Саздовска, националниот советник на проектот ТАКСО во Македонија истакна дел од потребите на граѓанските организации произлезени од консултациите меѓу кои: информации за достапните извори на финансирање, промена на законите и кодексот на добри практики во законската регулатива, реформа на приходите кои се доделуваат од игрите на среќа и забавните игри, зголемување на висината на грантовите и поедноставување на административните процедури за аплицирање. 

Nedovolno drzhavni sredstva za gragjanskite organizacii 1

Претставници на 37 граѓански организации и 11 државни службеници заклучија дека постои потреба од децентрализиран систем за поддршка, издвојување на буџетската ставка со средства само за организации регистрирани согласно ЗЗФ, како и вклучување и консултација на граѓанските организации пред креирањето на буџетот, износите и програмите

Конференцијата беше дел од проектот „Кон реформирано државно финансирање на граѓанските организации“, кој што се го спроведуваат МЦМС и ЦНВОС од Словенија, и во рамки на проектот Техничка поддршка на граѓанските организации-ТАКСО, и двата финансиски се поддржани од Европската Унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Недоволно државни средства за граѓанските организации