Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нов санитарен јазол за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Василево PDF Print E-mail
Thursday, 16 February 2017 08:06

Учениците во општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во општина Василево добија нов санитарен јазол и тоалети благодарение на поддршката на општината, МЦМС и Сокотаб. Реконструирани се електричната и водоводната инсталација, поставени се нови врати, нов покрив и санитарии. Буџетот на проектот е околу 1,1 милион денари.

DSC 0317

„Со реконструкцијата на санитарниот јазол решивме повеќедецениски проблем“, истакна градоначалникот на Василево, Ванчо Стојанов. Тој потенцираше дека општината има долгогодишна соработка со МЦМС. „Континуирано работиме на подобрување на условите во образованието преку низа проекти“, рече Стојанов и додаде дека овој проект е само продолжување на успешната соработка во која се вбројуваат оградувањето на дворот на училиштето во Нова Маала, реконструкцијата на училиштето во село Ангелци, реконструкцијата на училиштето во село Радичево во кое беше поставен и системот за парно греење. 

„Задоволни сме што успеавме за еден месец да ги завршиме градежните работи. Споредувајќи ја состојбата пред интервенцијата и денешната, сметам дека на вистинско место ги употребивме парите“, рече Димче Митрески од МЦМС. Претставникот на Сокотаб, Џовано Беги истакна дека за неговата компанија е важно да придонесува во средините каде што живеат нивните кооперанти. „Убаво е чувството да се биде тука и да се видат резултатите од нашата поддршка. Нашата програма за општествена одговорност не се ограничува само на една област на поддршка. Ние помагаме таму каде што има потреба“, додаде Беги. 

Новиот санитарен јазол и тоалетите во ООУ „Гоце Делчев“ беа пуштени во употреба на свечен начин на 16 февруари 2017 година. Тие се дел од Проектите за модернизација на образованието на МЦМС кои финансиски се поддржани од Сокотаб.

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

New

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Нов санитарен јазол за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Василево