Пренесени искуства за следење на околината за развој на ГО Print
Thursday, 13 April 2017 14:51

МЦМС учествуваше на координативниот состанок и обуката на Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) кои се одржаа на 29 и 30 март, а се дел од проектот „Следење на прогресот, овозможување на акција“. Учесниците се претставници на граѓански организации од Украина, Молдавија, Азербејџан, Грузија, Белорусија и Ерменија кои во следните четири години ќе ја следат околината во која дејствуваат граѓанските организации.

Preneseni iskustva za sledenje na okolinata za razvoj na GO

Учесниците ги идентификуваа клучните прашања и теми, како и методологијата што ќе ја применуваат. Околината во земјите од Источна Европа се разликува од онаа во земјите од Западен Балкан особено во бројните ограничувања на загарантираните слободи и континуираното прекршување на човековите права. Ваквите состојби бараат внимателно одредување на клучните теми за следење и методите за прибирање податоци и особено фокусирање на нови трендови кои се повеќе влијаат врз работењето на организациите (ограничување на финансирање од странски донатори, мерки за анти-тероризам, инспекции и вмешување на државата во работење, дискриминација на организациите, појава на GONGOs).

Присутните се запознаа и со глобалните трендови на регулирање на работата на организациите и нивното финансирање. Миклос Харасци, Специјален известувач за Белорусија на Обединетите нации и претставник на ОБСЕ за слободата на медиумите ги претстави клучните прашања за слободата на изразување кои треба да се следат за да се осигураат организациите дека околината е овозможувачка. Според него треба да се загарантирани четири клучни права т.е. правото на избор, говор, пристап до информации и поврзување. Тој ги упати учесниците пошироко да ја оценуваат слободата на изразување т.е. да ја согледаат активната пропаганда во нивните земји, не само замолчувањето на индивидуи и ограничувањето на нивното изразување, и зборуваше за тоа како се води активна кампања против граѓанско општество во одредена земја.

МЦМС ги сподели искуствата од процесот на следење на околината во која делуваат организациите во Македонија, како и регионалните прашања и дилеми во процесот на следење. На земјите од Источна Европа кои ќе градат сопствена рамка за следење на околината, од особено значење им е алатката т.е. матрицата за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество која се покажа како корисна за систематско следење на состојбите. Исто така споделени беа предизвиците во истражувањето, силните и слабите страни на алатката како и на користената методологија и извештаи. Особено фокус беше даден и на регионалниот пристап кој е дополнителен предизвик бидејќи и покрај тоа што преку регионално следење се идентификуваат заеднички прашања за земјите, сепак секоја од нив се соочува со специфични проблеми.


Related: