Учениците од ОУ Коле Неделковски од 1ви септември во нови училници - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Учениците од ОУ Коле Неделковски од 1ви септември во нови училници PDF Print E-mail
Friday, 21 July 2017 11:04

Со реновирањето на ОУ Коле Неделковски, општина Центар, Скопје, 640 ученици и 39 наставници ќе имаат подобри услови за учење. Ќе бидат заменети старите подови и вратите, ќе се варосаат ѕидовите, ќе се реновира училишната библиотека, ќе се набават географски карти и смарт-табла, нови клупи и столчиња за првачињата, лаптопи и прожектори. Покрај тоа, ќе биде  поставена ограда околу училишното игралиште. Реновирањето ќе чини 60 илјади долари, а го финансира Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп.

Uchenicite od OU Kole Nedelkovski od 1vi septemvri vo novi uchilnici 1

Придонесот кон заедницата е исклучително важен за Филип Морис. Развивање и поддршка на проекти кои ќе донесат вистински и одржливи промени во општеството, особено подобрување на условите за образование, се наш посебен фокус во Македонија. Обезбедувањето на средствата за реновирање и нова опрема на ова училиште кое со години остварува врвни резултати на сите државни натпревари, е во склоп со филозофијата на нашата компанија за вложување во образование и создавање на еднакви можности за сите. Верувам дека ова е само првиот чекор кон многу позначајни промени понатаму“, изјави Михаел Солтер, генерален директор на ФМТКП.

Благодарност за донацијата изрази и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски кој заедно со претставниците на Филип Морис ТКП направи увид во започнатите работи. 

„Како општина, постојано се трудиме да ги подобриме условите во основните училишта низ Центар. Свесни сме дека успешното учење зависи од средината во која престојуваат децата и токму затоа постојано инвестираме во оваа област. Затоа, секоја помош е добредојдена, бидејќи така уште повеќе ученици ќе можат да добијат квалитетни услови за образование. Исклучително сум благодарен за оваа донација и среќен што нашите основци ќе имаат уште едно убаво катче за раст и развој“, изјави Жерновски.

Uchenicite od OU Kole Nedelkovski od 1vi septemvri vo novi uchilnici 2

„Исклучително сме благодарни на компанијата Филип Морис за нивната донација со што значително ќе се подобрат условите за образование во нашето училиште затоа што станува збор за обемно реновирање и тоа на суштински делови, кои често претставуваа потенцијална опасност. Ова е прв пат после долги години да се изврши вака обемно реновирање на училишната зграда. Тоа позитивно ќе влијае и на образовниот процес и на условите за работа на наставничкиот кадар“, изјави директорката на училиштето Светлана Масларевска. 

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), кој е одговорен за реновирањето, ги започна активностите почетокот на овој месец и се очекува да бидат завршени до крајот на август. Така, училиштето ќе ги отвори своите врати за децата во новата учебна година во сосема нови услови што ќе ги израдува и децата и родителите.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Учениците од ОУ Коле Неделковски од 1ви септември во нови училници