Подароци за децата од СОС Детско село - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Подароци за децата од СОС Детско село PDF Print E-mail
Thursday, 07 September 2017 16:15

Капчиња, наметки, детски хокеј палки, ракавици, наочари за сонце беа само дел од подароците кои дечињата од СОС Детското село ги добија од семејството Мареј (Murray) од САД кое е сопственик на познатиот хокеј клуб од Детроит „Ред вингс“. 

Podaroci za decata od SOS Detsko selo 1

Помладиот син Тајлер Мареј (Tyler Murray) беше учесник во програмата „Родум од Македонија 2017“ која Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Обединетата македонска дијаспора ја спроведе трета година по ред во периодот од 23 јуни-14 јули 2017. Оваа програма ги поврзува младите од дијаспората со своите македонски корени преку тринеделен престој во земјата.

Македонските корени ги натераа и останатите членови од семејството Мареј да ја посетат земјата за време на програмата, а нивниот постар син Трој Мареј (Troy Murray), кој е познат уметник во САД, на 6 јули одржа работилница за цртање во СОС Детското село. Повеќе од 25 дечиња учествуваа на неговата работилница и посветено цртаа заедно со Трој. 

Podaroci za decata od SOS Detsko selo 2

Неколку недели подоцна, покрај споменатите подароци, Трој на своите пријателчиња од Македонија им испрати и материјали за цртање за да продолжат заеднички да ја развиваат својата креативност. Децата го поздравија и му се заблагодарија со прекрасен цртеж.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Подароци за децата од СОС Детско село