МЦМС денес го промовираше истражувачкиот извештај Барометар за еднакви можности чии авторки се проф. д-р Виолета Петроска Бешка проф. д-р Мирјана Најчевска.

„Перцепциите не секогаш се поклопуваат со фактичката состојба“, рече проф. Бешка, „но без разлика, тие се многу важни“.Истражувањето беше фокусирано на: перцепцијата на дискриминацијата, на искуствата и борбата против дискриминацијата, на познавањето на правата како и ставот кон еднаквите можности за вработување.
Во посебен дел од извештајот направена е анализа на податоците низ призмата на досегашните искуства или како што рече проф. Најчевска, „обид да се проблематизира сликата од извештајот“. Таа уште направи и врска помеѓу податоците од извештајот и актуелните напори за донесување Закон за недискриминација и формирање посебно тело за еднаквост.

Истражувањето е дел од програмата Прогрес на Европската комисија што заедно ја спроведуваат Полио плус, МЦМС, Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Министерството за труд и социјална политика.
Анкетата е направена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во соработка со Брима од Скопје на примерок од 1.606 испитаници. Истражувани се перцепциите, ставовите, познавањата и свесноста за дискриминација по следните основи: пол, етничка припадност, религија или уверување, возраст, инвалидност (односно попреченост во развојот), сексуална ориентација и партиска припадност.
Повеќе може да видите во прес соопштенијата поврзани со истражувањето:



Twitter
Digg
Del.icio.us
Reddit
StumbleUpon
Yahoo
Googlize this
Facebook
Wikio




