Македонски центар за меѓународна соработка

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
МЦМС потпиша договори за нови четири општини
Tuesday, 29 September 2009 08:59
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon
There are no translations available.

Форумите во заедниците продолжуваат во нови 12 општини. На 25 септември 2009 година во хотелот Александар Палас, МЦМС ги потпиша договорите за спроведување на оваа програма во четири нови општини: Аеродром, Берово , Радовиш и Конче.

МЦМС потпиша договори за нови четири општини

На свеченото потпишување на, од името на донаторот, Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), на присутните им се обрати Татјана вон Штајгер, Раководител на канцеларијата за соработка. Таа го сподели задоволството од големиот интерес на општините за оваа програма, „До денес, 57 од вкупно 84 општини аплицирале најмалку еднаш за учество во програмата, тоа е јасен показател дека општините се многу заинтересирани за применување на методот на вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки“, рече вон Штајгер.

МЦМС потпиша договори за нови четири општини

Од името на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, партнер во спроведувањето на програмата, се обрати потпретседателот Изет Меџити. Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски зборуваше од името на новите општини, а Жарко Џипунов, извршен директор на Алка, од името на организациите што спроведуваат.

 

New

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News МЦМС потпиша договори за нови четири општини