Македонски центар за меѓународна соработка

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
БЦСДН регистриран како правен субјект
Wednesday, 30 September 2009 18:56
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon
There are no translations available.

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) по осум години, кога започна како пилот проект и пет години функционирање како мрежа, на 1 октомври е регистрирана како правен субјект. Во месец јули се одржа основачкото собрание каде беа усвоени Статутот и Стратегиската ориентација 2009-2011 и беше избран Советот, Одборот и Извршниот директор.

БЦСДН регистриран како правен субјект

Основачи на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество се 11 организации од Балканот: Албанска фондација за граѓанско општество (Албанија), Центар за развој на невладини организации (Црна Гора), Центар за информативен сервис, соработка и развој на НВО (Словенија), Центар за промоција на граѓанското општество (Босна и Херцеговина), Цензура Плус (Хрватска), Граѓански иницијативи (Србија), Диаконија Агапес (Албанија), Косовска фондација за граѓанско општество (Косово), Македонски центар за меѓународна соработка (Македонија), Асоцијација за можности Романија (Романија) и Асоцијација Веста (Босна и Херцеговина).

Извршен директор на БЦСДН е Тања Хафнер Адеми.

 

New

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News БЦСДН регистриран како правен субјект