Македонски центар за меѓународна соработка

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Граѓаните се повеќе учествуваат во непартиски политички активности
Thursday, 09 April 2009 11:03
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon
There are no translations available.

Граѓаните се повеќе учествуаат во непартиски, политички активностиМакедонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општeствената одговорност на граѓаните. Во ова соопштение ви ги презентираме податоците за вториот дел од истражувачкиот извештај – учество во непартиски политички активности.

Учеството на граѓаните во непартиски политички активности е мерено преку: учество во петиции, учество во протести, бојкот (некупување производи и сл.) и пополнување граѓански дневник. Последните две се нови категории споредено со претходното истражување од 2007 г., а се заменети пишувањето во весник (заради незначително учество во минатите истражувања) и јавување на телефонска линија (заменето со граѓански дневник).

Дека учествувале на протест (демонстрација, митинг) изјавиле 40,4 % од граѓаните. На протести учествувале повеќе мажите отколку жените (за 12,4 %), повеќе етничките Албанци отколку етничките Македонци (за 13,4 %) и повеќе оние со повисоко образование.

Околу една третина (31,7 %) од граѓаните потпишале петиција во последните 5 години.

Кај двете категории има значително зголемување (речиси удвоено) во однос на претходното истражување. Кај протестите зголемувањето е од 22,4 % на 40,4%, а кај петициите од 15,3 % на 31,7 %. Со тоа, учеството се доближува на нивото од 2004 година (44,6 % за протести и 36,7 % за петиции).

Потенцијалот за поголемо учество на граѓаните е релативно голем (24,3 % и 34,3 %), додека околу третина од популацијата воопшто не би учествувала во протести и петиции.

Во новововедените категории, бојкот и граѓански дневник, учеството на граѓаните е мало (16,7 %, односно 12,3 % респективно), а потенцијалот за учество идентичен (28,4 %) за двете категории. Кај граѓански дневник, малото учество можеби се должи и на релативно краткото време (околу 3 години) од неговото воведување и (не)информираноста на граѓаните за таа можност.

Општествена одговорност на граѓаните.

 

New

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Press Releases Граѓаните се повеќе учествуваат во непартиски политички активности