Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Македонија 2016 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во Македонија 2016 PDF Print E-mail

Автори: Симона Огненовска, Симона Трајковска
Датум: февруари 2017г.
ISBN 978-608-4681-80-9
PDF: izveshtaj-za-ovozmozhuvachkata-okolina-za-razvoj-na-gragjanskoto-opshtestvo-vo-makedonija-2016.pdf

izveshtaj za ovozmozhuvachkata okolina za razvoj na gragjanskoto opshtestvo vo makedonija 2016МЦМС го подготви четвртиот извештај за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество. Во четвртата годината од следењето, беше ставен фокус на 13 клучни стандарди со најголеми предизвици од околината во која дејствуваше граѓанското општество во 2016. Извештајот ги следи состојбите во околината во која дејствува граѓанското општество во рамките на рамките на трите клучни области:

  1. Основни загарантирани законски слободи;
  2. Рамка за финансиска одржливост на граѓанските организации;
  3. Односот меѓу Владата и граѓанските организации.

Граѓанското општество продолжи да дејствува во релативно овозоможувачка околина. Значителен пораст на граѓанското учество на собири комбинирано со контиунирана зрела посветеност на граѓанските оганизации за конструктивна примена на нивната експертиза за поддршка на процесите на демократизација во текот на најдлабоката политичка криза во земјата ја одбележаа 2016 година. И покрај предизвицијте, ГО продолжија да делуваат во солидна законска рамка, со зголемени недоследности во нејзиното спроведување кои резултираа со назадување на потенцијалот за развој и одржливост. 

Трендот на продлабочување на јазот меѓу законодавството и практиката особено во првата област продолжи. Отсуствува соодветно спроведување на меѓународните и европските закони за слободата на здружување, собирање и изразување во практика.  Извештајот регистрира зголемен број случаи на индиректни притисоци врз граѓанските организации, преку инспекции и медиумска пропаганда. Слободата на собирање значително се практикуваше, преку различни активности и иницијативи. Мирните собири беа главно овозможени, сепак регистрирани беа ограничувања на посакуваното место за собир и прекумерно присуство на полицијата, за време на протестите предводени од движењето „Шарена Револуција“. Во практика, забележани се и нарушување на слободата на изразување и медиумите, главно за новинари, додека ГО се соочуваат со чести примери на говор на омраза. 

Во втората област, состојбата остана непроменета. И покрај отсуството на реформи во државното финансирање за ГО, особено на транспарентноста на процедурата, во буџетот на РМ за 2017 г. планирано е значително зголемување на средствата кои треба да се распределат преку Генералниот секретаријат на Владата на РМ. Сепак, висината на износот на средствата кои се доделуваат на ГО не е доволен за покривање на потребите, како и на периодот (годишно) и видот (главно проектна поддршка, додека институционална поддршка е достапна само за неколку ГО). Сеуште не е донесена законски обврзувачка одлука за уредување на постапката на доделување државни средства за ГО. Одредбите во даночните закони (Закон за персоналниот данок на доход и Закон за данокот на добивка) и понатаму се неповолни за организациите. 

Во третата област, односот меѓу владата и граѓанското општество се влоши. Процесот на основањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество забележа напредок, но беше проследен со несогласување и бојкот на 93 ГО, кои беа поборници за неговото воспоставување. Според нив, одлуката за формирање беше усвоена без ефективни консултации и беше илустрација на отсуството на дијалог и искрени напори да се воспостави вистинско партнерство и соработка. Продолжи отсуството на политичка волја за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2012-2017, но постои спремност за подготовка на нова стратегија, во последната година од спроведувањето. Зголеменото усвојување на нацрт-законите по скратена постапка, ја намали вклученост на ГО и можноста за придонес. Само 21 нацрт-закон (5%) од разгледаните 453 беа предмет на електронски консултации со јавноста на ЕНЕР, што е значителен пад во споредба со претходните години. Мнозинство (76%) закони биле усвоени во скратена постапка (238 од вкупно 314 донесени закони12 за кои постои обврска за консултации).

Извештајот е дел од активностите кои се спроведуваат во рамките на проектот „Аквис (Acquis) на Балканското граѓанско општество - Јакнење на потенцијалот и капацитетите на ГО за застапување и лобирање“, финансиран од Европската комисија и спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА).

 
Се наоѓаш тука  : Home Our Work Programmes