Civic Practices no. 2 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Civic Practices no. 2 PDF Print E-mail

Автори: Јован Ананиев, Ружица Фотиновска, Елеонора Стојкова, Снежана Адамческа и Надир Реџепи
Дата: 2003 година
PDF:
graganski-praktiki-br.2.pdf

„Граѓанско образование“ и „Мрежи, искуства во Македонија“

Граѓански практики бр. 2Носечката тема за овој број е “Граѓанското образование – ја постигна ли целта?”. Со ова сакаме да презентираме различни видувања за резултатите од петгодишното спроведување на наставните планови за граѓанско образование по неговото воведување во нашиот образовен систем во 1999 година. Исто така, сакаме да отвориме расправа низ какви форми се спроведува или може да се спроведува граѓанското образование и дали тоа се случува и треба да се случува единствено преку формалното образование.

Авторите кои даваат свои размислувања на темата на различни начини биле вклучени, го следеле или имаат увид во тоа како се одвива граѓанското образование. Интересно е да се забеле‘и дека видувањата се различни, од многу позитивни оценки до сериозни забелешки за начинот на кој истото се спроведува и за остварувањето на целите. Ова мо‘е да биде поттик за потемелно истражување за успехот на овој проект во образованието и основа за поширока дебата на оваа тема која ќе ги вклучи експертите и одговорните за спроведувањето и оние на кои истото им е наменето.

Овој број на Граѓански практики отвора уште една тема “Мрежи, искуства во Македонија” каде што амерата е да погледнеме наназад на досегашните искуства од меѓусебната соработка на граѓанските организации и да извлечеме поуки за иднина, особено во контекст кога соработката станува сé поважна во функционирањето на граѓанските организации и остварувањето поголемо влијание и ефективност.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications Civic practices