Freedom of Expression and Democracy - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Freedom of Expression and Democracy PDF Print E-mail

Автор: Слаѓана Димишкова
Дата: Скопје, 2008
ISBN 978-9989-2869-0-2
PDF:
  sloboda-na-izrazuvanje-i-demokratija.pdf

Слободата на изразувањето и демократијатаОвој труд се обидува да го анализира правото на слобода на изразување од два аспекта: теорија и практика. Во него се прикажуваат од една страна европските стандарди и практика, а од друга уставните и законски решенија и остварување на ова право во Македонија. Идејата зашто сакав да се осврнам токму на правото на слобода на изразување, произлегува од фактот што тоа е круцијално право од чиешто остварување зависи и реализирањето на останатите човекови права. Тоа е директно поврзано со правото на здружување, слободата на уверување, совест и религија, правото на фер судење, правото на слободни избори.

Овој труд е наменет, пред се, за стручната јавност, за студентите, како и за сите кои се интересираат за областа човекови права и слободи. Притоа, амбицијата не беше да се опфати се во трудот, туку релевантните теориски расправи и case-law на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Ќе ми биде драго ако трудот придонесе за дебатата за остварување на правото на слобода на изразување во земјава, затоа што на Македонија и е потребно постоење на здрава критичка свест и јавност, со акцент на негувањето и одбраната на јавната дебата и слободата на изразување. Со ова општеството може да се движи напред. Постоењето на различни мислења, дискусија и отвореност на институциите ќе го оправда и постоењето на заедницата.

Благодарност за соработката при создавањето и објавувањето на овој ракопис до Љубомир Д. Фрчкоски, Љубомир Јакимовски, Драган Павловиќ-Латас и Сашо Клековски, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Од авторот

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications List of research and publications