Граѓанско учество - извештај - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанско учество - извештај PDF Print E-mail

Автори: Сунчица Саздовска
Датум: март 2018г.
PDF: gragjansko-uchestvo-izveshtaj.pdf

gragjansko uchestvo izveshtajГраѓанското учество е еден од клучните показатели за демократизацијата на една земја. Основната идеја е граѓаните да го подобрат својот живот нудејќи ги своите идеи на креаторите на политиките, односно учествувајќи во процесите на носење одлуки.

Воден од идејата за обезбедување аргументи за јавна расправа на оваа тема, МЦМС и Телевизија Телма го истражуваа граѓанското учество во Македонија преку анкетирање на населението. Со анкетата беше истражувано во колкава мера граѓаните ги препознаваат различните форми на граѓанска партиципација, колку учествуваат во истите, кои се нивните ставови за тоа кои се причините за ниското ниво на учество, колку различните форми на граѓанско учество се ефикасни и какво влијание се остварува преку нив. Покрај тоа, анкетата ги истражуваше и ставовите на граѓаните за нивото на кое учествуваат граѓаните, за вклученоста на локално ниво и мотивацијата за тоа, за достапноста на пратениците и советниците, за комуникацијата со пратениците, советниците и градоначалниците, како и за префериран пристап за комуникација со институциите.

Резултатите од истражувањето сами по себе се загрижувачки. Тие укажуваат на потреба од поинтензивна работа на градењето на свеста на граѓаните за тоа кои се придобивките од нивното учество во креирањето на политиките и носењето на одлуки. Покрај тоа, извештајот е добра основа за дополнителни продлабочени анализи кои ќе го дадат одговорот за ниското учеството од страна на граѓаните, висока незаинтересираност и неинформираноста за тоа како би можеле да учествуваат во овие процеси.

Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“ подржан од УСАИД. Анкетата ја спроведе агенцијата М-проспект.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Support Donate Донирај сега!