Валентина Атанасовска - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Валентина Атанасовска PDF Печати Е-пошта

Валентина АтанасовскаВалентина Атанасовска, Соработник на проект
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+389 2 3065 381

Валентина Атанасовска е родена на 22.02.1976 година во Крива Паланка. Во 1999 година дипломира на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со звањата „Професор по англиски јазик и книжевност“ и Филолог по англиски јазик и книжевност – преведувач. Во 2002 ги продолжува студиите на Универзитетот во Чикаго (Northeastern Illinois University), САД каде магистрира деловна администрација. За време на постдипломските студии работи како асистент на факултетот во областа на истражување и статистика.

Во текот на четиринаесетгодишното искуство (2003-2017) работи на проекти финансирани од странски донатори (Европска Унија и Светска банка) што и овозможува да се стекне со знаења и вештини за спроведување проекти во низа области како е граѓанското општество, политиките за вработување, социјалната и здравствената заштита и децентрализацијата. Во периодот 2009-2017 работи на регионалниот ЕУ проект „Техничка поддршка за граѓанските организации – ТАКСО” финансиран од Европската комисија. Во МЦМС доаѓа во февруари 2018 година на позицијата координатор на програмата Национален ресурсен центар за граѓански организации.

 

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Почетна