Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Зошто да донирам во МЦМС? PDF Печати Е-пошта

Донирај за МЦМС, учествувај во позитивните промени во општеството...

Резултатите кои ги постигнавме во изминатите петнаесет години секако означуваат успех. Успех кој е веќе потврден со бројни признанија на локално, национално и меѓународно ниво. Успех кој немаше нема да биде целосен без домашната поддршката од граѓаните, претпријатијата, државата.

Во досегашниот период спроведовме над 1500 проекти со буџет од 47 милиони евра за водоснабдување на селата, јакнење на општините и граѓанските организации, за хуманитарна помош, за образование на младите Роми, за меѓуверска соработка, за стратегии и закони, за демократизација и антидискриминација, за отворање нови претпријатија.

Ние ги предводиме и поттикнуваме промени со нови и алтернативни решенија на општествените проблеми. И вие можете да ги поддржите промените со донирање средства за спроведување на нашите активности.

Секоја ваша донација ќе придонесе во остварувањето на нашите цели. Вашата донација за нас не претставува само финансиска, туку  и морална поддршка.

Ние ќе ве известуваме за своите активности преку месечен билтен и ќе ви издадеме потврда за примената донација.

Доколку можете да користите некое од даночните поттикнувања, ние ќе ги подготвиме потребните документи и ќе ја водиме процедурата за стекнување на даночното поттикнување.

За да се користат даночните поттикнувања целта на донацијата и спонзорството мора да биде остварување, унапредување, промоција и поддршка на дејностите од јавен интерес. Најголем дел од активностите/проектите на МЦМС се од јавен интерес.

Контактирајте нѐ на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Одберете за што ќе донирате:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Поддршка Донирај Зошто да донирам?