Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Препораки за модел за реформирање на државното финансирање за граѓанските организации на централно ниво PDF Печати Е-пошта

Aвтори: Емина Нурединоска, Симона Огненовска
Дата: 2017
ISBN: 978-608-4681-99-1
PDF: preporaki-za-model-za-reformiranje-na-drzavnoto-finansiranje-za-gragjanskite-organizacii-na-centralno-nivo.pdf

preporaki za model za reformiranje na drzavnoto finansiranje za gragjanskite organizacii na centralno nivoОвој предлог-модел на државно финансирање на граѓанските организации се заснова на наодите од Националната анализа на тековниот систем и на најдобрите европски и регионални законски решенија и практики кои беа опфатени во Споредбената анализа на системите за државно финансирање.

Целта на публикацијата е да придонесе кон одржливоста на граѓанските организации преку транспарентно, отчетно и ефективно државно финансирање. Унапредувањето на моделот на државно финансирање на граѓанските организации ќе придонесе кон зајакнување на граѓанските организации, а истовремено и кон реализација на политиките на државата во насока на остварување на правата и потребите на граѓаните.

Предлог-моделот нуди решенија за унапредување на целокупниот модел, почнувајќи од причините, принципите и целите за поддршка на државата на граѓанските организации, изворите, начините и институциите за распределба на средствата, како и потребите за регулирање и стандардизирање на постапката на доделување на средствата  што ќе ја поддржи разновидноста на граѓанскиот сектор, а притоа ќе биде транспарента и отчетна за трошењето на јавни пари.

Покрај клучните предизвици, овој документ е поделен во осум дела, и тоа:

  • фактори (надворешни и внатрешни),
  • цели на моделот,
  • институции,
  • начини на доделување средства,
  • правна основа,
  • извори и висина на поддршката,
  • начела и вклученост на граѓанските организации.

Во секое од поглавјата дадени се препораки врз основа на најдобрите практики и реалните можности на постоечкиот систем за унапредување на системот на државно финансирање за граѓанските организации во Македонија.

Подготовката на предлог моделот беше во рамки на проектот „Кон реформирано државно финансирање“, кој МЦМС го спроведуваше заедно со ЦНВОС од Словенија. Проектот беше финансиски поддржан од Европската Унија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Поддршка Вклучи се Можностите во МЦМС