Јавното мислење за рејтингот на политичките партии и личности - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавното мислење за рејтингот на политичките партии и личности PDF Печати Е-пошта
Среда, 04 мај 2011 11:35

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) спроведоа телефонска анкета за испитување на јавното мислење. Во прилог се објавите во медиумите за резултатите од анкетата.

ГРУЕВСКИ ВОДИ ПРЕД ЦРВЕНКОВСКИ

Во лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски доверба имаат 4,6 проценти од граѓаните.Ова се резултатите од телефонската анкета спроведена од Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Извор: Нова Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ 12 ПРОЦЕНТИ ПРЕД СДСМ

Доколку утре се одржат парламентарните избори, 22,6 проценти од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 10,7 проценти за СДСМ, покажа телефонската анкета спроведена од Институтот за демократија и МЦМС на 1.112 испитаници. Околу 20 проценти од македонските граѓани веруваат во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, а доверба во претседателот на СДСМ Црвенковски имаат 4,6 проценти.

Извор: Дневник

ВМРО-ДПМНЕ УБЕДЛИВО ВОДИ

Доколку утре се одржат парламентарни избори за владеачката ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 22,6 проценти од граѓаните, а за СДСМ 10,7 проценти, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за демократија и МЦМС, спроведена врз 1112 испитаници низ цела Македонија. Што се однесува до албанскиот политички блок, најголема поддршка од пет отсто ќе добие ДУИ, додека за ДПА ќе гласаат 1,9 проценти од испитаниците.

Извор: Вечер

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИДСЦС И МЦМС: ГРУЕВСКИ УЖИВА НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, има најголема доверба кај граѓаните, покажува телефонската анкета спроведена од Институтот за демократија и од Македонскиот центар за меѓународна соработка, кон крајот на април. Нему му веруваат четирипати повеќе граѓани отколку на Бранко Црвенковски. Доколку утре се одржат избори, двојно повеќе граѓани би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, споредено со СДСМ.

Извор: МТВ

ГРУЕВСКИ СО ЧЕТИРИ ПАТИ ПОВИСОК РЕЈТИНГ ОД ЦРВЕНКОВСКИ

Во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски веруваат околу 20 проценти од македонските граѓани, за разлика од лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во кој доверба имаат само околу 4,6 проценти, покажуваат резултатите од телефонската анкета спроведена од Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Извор: МТВ

АНКЕТА НА ИД И МЦМС: ВМРО - ДПМНЕ 22,6 % - СДСМ 10,7 %

Ако утре се одржат избори, 22,6 проценти од испитаниците би гласале за ВМРО - ДПМНЕ, а 10,7 проценти за СДСМ.

За ДУИ би гласале 5 проценти, за ДПА 1,9, а за партијата на Руфи Османи 1,8 проценти од испитаниците во последната анкета на Институтот за демократија и на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Извор: Канал 5

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИДСЦС И МЦМС: ГРАЃАНИТЕ НАЈМНОГУ ВЕРУВААТ ВО ГРУЕВСКИ

ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ. Според податоците од последната анкета на Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка, доколку денеска се одржат избори 22, 6 отсто од граѓаните својот глас би го дале за владеачката партија, за Социјалдемокрaтите ќе гласаат 10, 7 проценти.

Извор: Сител

АНКЕТА НА СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС - ВМРО-ДПМНЕ 22,6% - СДСМ 10,7%

Според анкетата на Инситутот за демократија „Социетас Цивилис" Скопје, најголема доверба меѓу грашаните има премиерот Груевски со 22,6%, По него е лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски со 4,6%, Ахмети со 4,3% и Шеќеринска со 2,9%

Извор: Инпресс

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ 22,6% - СДСМ 10,7%

Според анкетата на Инситутот за демократија „Социетас Цивилис" Скопје, најголема доверба меѓу грашаните има премиерот Груевски со 22,6%, По него е лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски со 4,6%, Ахмети со 4,3% и Шеќеринска со 2,9%

Извор: Пресс 24

ВМРО-ДПМНЕ со 57 пратеници, СДСМ со 30

ВМРО-ДПМНЕ би освоила 57 пратенички места, СДСМ 30, ДУИ 14, ДПА 6, НДП 5, Нова демократија 4, ЛДП 2, а другите политички партии два пратенички мандата, покажува симулацијата што ја направи институтот „Павел Шатев" врз основа на резултатите од последната анкета на Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка

Извор: Нова Македонија

ИНСТИТУТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА И МЦМС: ГРУЕВСКИ СО НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, е политичарот во кој најмногу веруваат македонските граѓани, покажуваат резултатите од телефонската анкета спроведена од Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Извор: Капитал

ВМРО-ДПМНЕ со најмалку 20 пратеници повеќе од СДСМ

Последната симулација направена од страна на институтот "Павел Шатев" врз основа на последните објавени анкети покажува дека разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе биде најмалку дваесетина пратеници во полза на владеачката партија. Со рејтинг од 22.6 проценти ВМРО-ДПМНЕ, според оваа симулација во идниот парламент би имала 57 пратенички мандати, а СДСМ со рејтинг од 10,7 би добила 30 пратеници.

Извор: Вечер

Резултатите како ноќта и денот

Македонскиот центар за меѓународна соработка од една страна и Институт за политички и економски истражувања „Либерта" се две невладини организации, чии резултати не се совпаѓаат една со другата што се однесува на поддршката на гласите за албанските политички партии, дури и разликата е како ноќ и ден.

Извор: Коха

Резултатите како ноќта и денот

Македонскиот центар за меѓународна соработка од една страна и Институт за политички и економски истражувања „Либерта" се две невладини организации, чии резултати не се совпаѓаат една со другата што се однесува на поддршката на гласите за албанските политички партии, дури и разликата е како ноќ и ден.

Извор: ТВ Коха

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Јавното мислење за рејтингот на политичките партии и личности