Спорот за името Македонија Печати
Петок, 21 октомври 2011 10:34

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) спроведоа ново истражување за спорот за името Македонија. Во прилог се објавите во медиумите.

Граѓаните поделени меѓу име то и ЕУ

Македонските граѓани се поделија околу дилемата НАТО и ЕУ или уставното име на земјата. Во анкетата што ја спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка, на прашањето дали сте за НАТО и ЕУ и по цена на компромис околу името позитивно одговориле 40,5 отсто, додека блиски 39,6 отсто и натаму се за зачувување на името, и по цена на застој во евроинтеграцијата. Анкетата спроведена на 1090 испитаници покажува дека граѓаните би сакале многу (58 отсто) спорот да се реши годинава, но дека во огромен процент не веруваат дека ќе се случи тоа, а 24,2 отсто од нив не веруваат дека ќе се реши воопшто.

Извор: Утрински весник

Се бетонира ставот за неменливост на името

Речиси половина од населнието се противи на каква било промена на името – покажува најновата септемвриска теренска анкета на Институтот за демократија нарачана од МЦМС. 45,3 отсто од 1090-те испитаници рекле дека не се согласуваат со промена, што во однос на минатата година претставува намалување за 3 проценти.

Извор: Алфа ТВ

Речиси половина од граѓаните против било каква промена на името

Речиси половина од македонските граѓани се против било каква промена на името на државата, покажува последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС).

Извор: Макфакс

МЦМС/ИД: Само 45 отсто граѓани сметаат дека Македонија не треба да направи промена на името

Само 45 отсто од граѓаните сметаат дека Македонија не треба да направи никаква промена на уставното име, покажало истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија.

Извор: Нетпресс

Половина од граѓаните против промена на името

Скоро половина граѓани се цврсто против каква било промена на името. Ова е заклучокот од најновото истражување на Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка на тема спорот за името - ставови на јавноста.

Извор: радио Слободна Европа

Огромно мнозинство против промена на името

Со оглед на фактот што спорот за името претставува единствена пречка за евроатланското интегрирање на државата, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија спроведоа теренска анкета, според која граѓаните не прифаќаат било каква промена на името.

Извор: Македонија 24

Речиси половина од граѓаните против било каква промена на името

Речиси половина од македонските граѓани се против било каква промена на името на државата, покажува последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС).

Извор: Кајгана

Спорот за името Македонија - ставови на јавноста во Македонија

Истражувањето покажа дека скоро половина граѓани се цврсто против било каква промена на името (45,3 %), а 39,6 % имаат став да се зачувува името и по цена на застој. Со „не" би гласале 58,4% од граѓаните на можен референдум за име за севкупна меѓународна употреба. Во тек е национално обединување околу спорот со името. Граѓаните од сите етнички и партиски припадности ја бранат црвената линија за идентитетот и бараат одлука за името на референдум.

Извор: Точка

Клековски: Преговорите со Грција не се само за името, туку за историско помирување!

Македонско-грчкиот спор нема да се реши преку ноќ, бидејќи претходно мора да стекнат доверба двете страни, што е децениски процес, рече Сашо Клековски од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), по презентацијата на јавното истражување „Спорот за името - ставови на јавноста", кое го спроведе МСМЦ во соработка со Институтот за демократија, од кој произлегува генерален заклучок дека Македонците се против промена на името, но би прифатиле двојна формула или договорено име во меѓународните организација со гаранции за идентитетот.

Извор: Плус инфо

Македонците сакаат да ги жртвуваат евроинтеграциите и економијата за името?

Свесни за евроинтеграцискиот и економскиот застој, убедливото мнозинство на македонските граѓани се против промена на името на државата. Но сепак, постои можност за компромис на средни и долги патеки околу двојната формула и договорено името во меѓународните организации.

Извор: Плус инфо

Граѓаните не сакаат промена на името

Според најновата анкета на Институт за демократија и Македонскиот центар на меѓународна соработка 45,3 отсто од граѓаните се цврсто против каква било промена на името.

Извор: Курир

Граѓаните цврсто против промена на името

Истражувањето покажува дека 45,3 отсто од граѓаните се против каква било промена, а 39,6 проценти имаат став името да се зачува и по цена на застој на евроатлантските интеграции.

Извор: Нова Македонија

Граѓаните се против било каква промена на името!

Постојаните барања од Атина и заканите по опстанокот на нацијата се главен мотив за одбивање на компромис. Припадниците на сите етнички и партиски групи бараат да одлучуваат за името на референдум. Согласни се дека нема отстапки од идентитетот!

Извор: Вечер

НАД 45 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ ПРОТИВ ПРОМЕНА НА УСТАВНОТО ИМЕ

Над 45 отсто од граѓаните се против каква било промена на уставното име, покажа истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија. Според резултатите од анкетата, граѓаните се плашат од компромис.

Извор: Телма

Скоро половина од граѓаните се против било каква промена на името

45,3% од граѓаните на Република Македнија се цврсто против било каква промена на името, а 39,6 % имаат став да се зачувува името и по цена на застој, покажаа резултатите од истражувањето спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија.

Извор: Инпресс