Дневник: Главната улица темелно ќе биде обновена Печати
Понеделник, 17 септември 2012 00:00

Главната улица темелно ќе биде обновена

Проектот е избран како приоритет од граѓаните, а инвестицијата од 4 милиони денари ја обезбедуваат Швајцарската агенција за развој и локалната самоуправа

Најкритичниот дел од главната улица во Kрива Паланка, на локалитетот кај Старата чаршија, конечно ќе биде реконструиран, со што ќе се заврши обновувањето и уредувањето на делницата во централното градско подрачје. Овој проект се реализира како дел од програмата „Форуми во заедницата“, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Самите граѓани на Kрива Паланка одбраа со парите од програмата да биде изградена улицата, како најприоритетен проект за општо добро.

Извор: Дневник (17.09.2012)