НМ: Рејтингот на СДСМ пораснал за помалку од два отсто - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

НМ: Рејтингот на СДСМ пораснал за помалку од два отсто PDF Печати Е-пошта
Петок, 07 декември 2012 00:00

Митинзите во Скопје не се пресудни

Ниту Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) не правел анкета во која ќе го измери рејтингот на партиите пред и по скопскиот митинг на здружената опозиција. Сашо Клековски од МЦМС е убеден дека на локалните избори в година ниту митинзите на партиите ниту изборните кампањи нема да бидат пресудни кој од кандидатите ќе победи во трката за градоначалници.

  • Не верувам дека митинзите, особено не оние во Скопје, ќе придонесат за нечија победа. Во помалите места можеби и може да се влијае, затоа што таму владее таа потребна локална атмосфера, таму има групен притисок да се излезе на митинг и луѓето во принцип можат да се пребројат. Во Скопје нема локална атмосфера, го нема групниот притисок и тешко дека може да се избројат гласачите - вели Клековски.

Според него, клучно за победа на локалните избори ќе биде перцепцијата што ја имаат граѓаните за кандидатите, дали и колку секој од нив ги решил локалните проблеми или дали некој нов кандидат има капацитет да им ги реши проблемите во општината.

  • На овие избори граѓаните ќе бидат нешто слично како работодавец. Ќе му ја дадат довербата на оној што ќе им ја поправи улицата на која живеат или, пак, ќе го реновира училиштето во кое учат неговите деца. Оттука, поединецот и неговиот капацитет ќе бидат пресудни на локалните избори. На пример, можеби Антонио Милошоски е најпопуларна личност во Кичево, но граѓаните избраа друг кандидат за градоначалник. Или, пак, обратно, во општините Конче и Могила веќе три-четири изборни циклуси победува еден ист кандидат, сеедно дали е човек на власта или на опозицијата. Најдобар пример за овој мој став се последните локални избори, кога граѓаните за градоначалник на општината Карпош го избраа Стевче Јакимовски од опозицијата, а довербата да го води градот Скопје му ја доверија на Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ - вели Клековски.

Извор: Нова Македонија (07.12.2012)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите НМ: Рејтингот на СДСМ пораснал за помалку од два отсто