Медиумите за дебатата „Предизвиците на повеќекратната дискриминација“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Медиумите за дебатата „Предизвиците на повеќекратната дискриминација“ PDF Печати Е-пошта
Петок, 01 ноември 2013 15:13

МЦМС на 31 октомври 2013 година ја организираше дебатата „Предизвиците на повеќекратната дискриминација“. Дебатата предизвика голем медиумски интерес. Подолу се објавите на медиумите за дебатата.

Дискриминација според половата, етничка и политичка припадност

Само неколку години пред пензионирање, возрасна жена била прераспрoредена на друго работно место, и тоа на 100 километри од местото на живеење. Претставките од сферата на работните односи се едни од најчестите, а лицата кои бараат помош од комисијата, се жалат на дискриминација заради полот, етничката  или пак политичката припадност.

Извор: Телма

Повеќекратната дискриминација во земјава е реалност

Во Македонија постои повеќекратна дискриминација. Жалби до комисија за заштита од дискриминација пристигнуваат секојдневно, а од почетокот на годината се пријавени и два случаи на политичка дискриминација. Имено, вработени во училиште биле избркани зашто поддржувале одредена политичка опција а потоа, откако се пожалиле во комисија, биле вратени на работното место.

Извор: Алфа

Дебата: „Предизвиците на повеќекратната дискриминација“

Дискриминацијата во Македонија е присутна во многу аспекти, а најистакната е половата, возрасната и дискриминацијата според социјалниот статус, иако не се исклучуваат и етничката, политичката и јазичната.

Извор: Алсат-М

Најдискриминирана етничка група – ромите, најмногу дискриминираат работодавачите

Во Македонија најмногу дискриминираат работодавците,а во 35 случаи од 210-те кои поднеле претставка до Комисијата за заштита од дискриминација,едно лице се жали дека е дискриминирано по повеќе основи.

Извор: Сител

Жените и најчесто и повеќекратно дискриминирани

Постоечките законски решнија не се доволни за да може да се справат со случаите на повеќекратна дискриминација, поради што е потребен хармонизиран модел на анти-дикриминациско законодавство. Жените и старите лица се најподложни на повеќекратна дискриминација, заклучија учесниците на денешната дебата за „Повеќекратна дискриминација“ насловена како „Предизвиците на кумилативната и интер-секциската дискриминација во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Извор: Сител

Жените и најчесто и повеќекратно дискриминирани

Жените и старите лица се најподложни на повеќекратна дискриминација, заклучија учесниците на денешната дебата за „Повеќекратна дискриминација“ насловена како „Предизвиците на кумулативната и интер-секциската дискриминација во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Извор: Канал 5

Жените во Македонија најчесто и повеќекратно дискриминирани

На денешната дебата „Предизвиците на кумилативната и интер-секциската дискриминација во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, учесниците констатираа дека постоечките законски решенија не се доволни за да може да се справат со случаите на повеќекратна дискриминација, поради што е потребен хармонизиран модел на анти-дикриминациско законодавство.

Извор: Прес24

Потребни се промени во законските решенија - дебата за дискриминација на жените во Македонија

На денешната дебата „Предизвиците на кумилативната и интер-секциската дискриминација во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, учесниците констатираа дека постоечките законски решнија не се доволни за да може да се справат со случаите на повеќекратна дискриминација, поради што е потребен хармонизиран модел на анти-дикриминациско законодавство.

Извор: Максим

ДИСКРИМИНАЦИЈА: Повеќекратен и чест однос кон жените

Постоечките законски решенија не се доволни за да можат да се справат со случаите на повеќекратна дискриминација, поради што е потребен хармонизиран модел на антидикриминациско законодавство.

Извор: Телеграф

Марш од работа поради партијата, па врати се да не пукне брука!

Меѓу жалбите кои од јануари до денеска пристигнале до Комисијата за заштита од дискриминацијата се наоѓаат и два случаи на политичка дискриминација, каде вработени во училишта биле прво избркани од работа зашто поддржувале одредена опција а потоа, откако се пожалиле, биле вратени на работното место.

Извор: Плусинфо

Жените и старите лица се најподложни на повеќекратна дискриминација

Постоечките законски решнија не се доволни за да може да се справат со случаите на повеќекратна дискриминација, поради што е потребен хармонизиран модел на анти-дикриминациско законодавство.

Извор: Денешен

Жените и најчесто и повеќекратно дискриминирани

Постоечките законски решнија не се доволни за да може да се справат со случаите на повеќекратна дискриминација, поради што е потребен хармонизиран модел на анти-дикриминациско законодавство. Жените и старите лица се најподложни на повеќекратна дискриминација, заклучија учесниците на денешната дебата за „Повеќекратна дискриминација“ насловена како „Предизвиците на кумилативната и интер-секциската дискриминација во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Извор: А1он

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Медиумите за дебатата „Предизвиците на повеќекратната дискриминација“