Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Медиумите за Спорот за името 2013 PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 17 Февруари 2014 11:11

На 16 јануари 2014 година МЦМС и ИДСЦС го објавија извештајот од истражувањето „Спорот за името-2013“ и организираа дебата на таа тема. Подолу се известувањата на медиумите за тоа.

Милошоски е за прекин на разговорите, Пендаровски за политички консенсуз, Попоски е дипломатски воздржан

За едни прекин на разговорите, за други политички конзензус – разногласието и натаму е одредница на клучната дилема како да се надмине грчката блокада на евроалтланските интеграции поради спорот со името.

Извор: 24 вести

Мнозинството граѓани се против промена на името

Резултатите од анкетата на МЦМС и на институтот за демократија „Социетас цивилес“ покажуваат дека, во споредба со испитувањата спроведени пред две години, се зголемува процентот на граѓани што сметаат дека не треба никаква промена на името и сега изнесува 62,4 отсто

Извор: Нова Македонија

Граѓаните се против промена на името, дипломатите за почитување на меѓународното право, а експертите за широк консензус

Расте поддршката на ставот против било каква промена на името, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна политика (МЦМС) и Институтот за демократија.

Извор: Актуелно24

62.2 проценти од македонските граѓани се против било каква промена на името

Идентитетот останува најцврстата црвена линија, но расте процентот на противници за било какви промени на името. Одраз на реалноста или општеството се уште живее со Југословенската матрица? Експертите ги судрија ставовите по однос за проблемите со соседите. Истражувањето на МЦМС и институтот за демокартија покажува дека 64,2 отсто од граганите се против било каква промена на името, што во споредба со 2010 и 2011 е раст од речиси 20 процентни поени.

Извор: Сител

РАСТЕ ПЕСИМИЗМОТ ЗА РЕШЕНИЕ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО

Грчката блокада за членство на Mакедонија во НАТО и Европската унија го зголемува отпорот кај граѓаните за каква било промена на името на државата. Расте и песимизмот во Македонија дека е можно...

Извор: Телма

Македонските граѓани сè повеќе против промена на името

Скоро 65 отсто Македонци би избрале зачувување на името пред евроинтеграциите, а 68 проценти Албанци им дале предност на евроатлантските интеграции, покажува истражувањето на МЦМС и Институтот за демократија.

Извор: Радио Слободна Европа

Македонците против променa на името, Албанците за ЕУ

Речиси половина од македонските граѓани сметаат дека треба да се суспендираат или прекинат преговорите за името под покровителство на Обединетите нации. Анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка и на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ покажа дека расте отпорот во земјава против промена на името.

Извор: Фактор

Македонските граѓани против било каква промена на името

Споредено со претходните две слични истражувања во 2010 и во 2011 година, ова покажува дека мнозинството граѓани (62,4 отсто) се против каква било промена на името, а на 70,3 отсто не им е прифатлива ниту една географска одредница. Идентитетот е клучен фактор во спорот, а главна пречка за негово решавање за повеќето од половината испитаници (53,8 проценти) е неприфаќањето од Грција на реалноста за постоењето на Македонија, а за 32,9 проценти главна закана е дека и ако се реши спорот, Атина ќе бара нови отстапки во идентитетот и јазикот.

Извор: Телеграф

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ПРОТИВ КАКВА БИЛО ПРОМЕНА НА ИМЕТО

Меѓу граѓаните на Македонија во пораст е ставот против каква било промена на името, покажуваат резултатите од анкетата на јавното мислење „Спорот за името Македонија“, која ја спроведоа Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ - Скопје, а беше тема на вчерашната јавна дебата на која стана збор и за односите на Република Македонија со соседите.

Извор: Дневник

Замрзнување на преговорите за името е замрзнување на евроинтеграциите

Универзитетскиот професор и претседател на Советот за НАТО интеграции на СДСМ Стево Пендаровски оцени дека предлогот за замрзнување на преговорите со Грција во суштина е обид да се оживее политички мртвата хашка пресуда, две ипол години по нејзиното добивање. Таквата пресуда нема политички потенцијал, предупреди Пендаровски, а замрзнувањето на преговорите значи дека нема да има никакви активности и дека практично нема што да бараме во Брисел во однос на нашите апликации за влез, односно за започнување  на преговорите, вели Пендаровски.

Извор: Радио Слободна Европа

Граѓаните се против промена на името, дипломатите за почитување на меѓународното право, а експертите за широк консензус

Расте поддршката на ставот против било каква промена на името, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна политика (МЦМС) и Институтот за демократија. Македонските дипломати пак, инсистираат на тоа дека до решение за спорот може да дојде само доколку Грција се натера да ги почитува принципите а експертите сметаат дека дел од проблемот лежи во немањето на национален консензус по ова прашање.

Извор: Таратур

Граѓаните се против промена на името, дипломатите за почитување на меѓународното прави, а експертите за широк консензус

Расте поддршката на ставот против било каква промена на името, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна политика (МЦМС) и Институтот за демократија. Македонските дипломати пак, инсистираат на тоа дека до решение за спорот може да дојде само доколку Грција се натера да ги почитува принципите а експертите сметаат дека дел од проблемот лежи во немањето на национален консензус по ова прашање.

Извор: Портал

Граѓаните се против промена на името, дипломатите за почитување на меѓународното право, а експертите за широк консензус

Расте поддршката на ставот против било каква промена на името, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна политика (МЦМС) и Институтот за демократија. Македонските дипломати пак, инсистираат на тоа дека до решение за спорот може да дојде само доколку Грција се натера да ги почитува принципите а експертите сметаат дека дел од проблемот лежи во немањето на национален консензус по ова прашање.

Извор: Макфакс

Осумдесет проценти Македонци не сакаат никаква промена на името

Над 60 проценти македонски граѓани се против каква било промена на името, покажува последното истражување на МЦМС и Институтит за демократија, прит што дури 80 проценти етнички Македонци се за никаква промена.

Извор: Алфа ТВ

Граѓаните се против промена на името, дипломатите за почитување на меѓународното право, а експертите за широк консензус

Според истражувањето на МЦМС, 62,4 проценти од граѓаните се против било каква промена на името, а на 70,3 отсто не им е прифатлива ниту една географска одредница. 79,7 проценти од етничките Македонци се против било каква промена на името, а истото мислење го делат 23,4 проценти од етничките Албанци.

Извор: Република

 
civica-logo
tacso-logo

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Медиумите за Спорот за името 2013