Вест: МЦМС ги додели наградите за демократија и одржлив развој Печати
Среда, 16 јули 2003 01:00

Скопски "Алкалоид", А1 Телевизија, Македонското женско лоби и Боге Чадиновски се годинешните добитници на наградите за Одржлив развој "Херт Јан Апелдорн" и за Граѓанско општество и демократија.

Наградите традиционално ги доделува Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС, како признание за лица и организации во поддршката на демократските вредности, на граѓанското општество и на одржливиот развој.
"Алкалоид" парите од својата награда - 40 илјади денари - ќе ги донира на Специјалниот завод за лица со посебни потреби во Демир Капија.

Извор: Вест (16.јули.2003)


Поврзани: