А1: Дивеењето на Албанците продолжува - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

А1: Дивеењето на Албанците продолжува PDF Печати Е-пошта
Среда, 05 септември 2001 01:00

teroristi2Tројца работници од месната индустрија „Насто“ околу 13 часот и 30 минути биле заробени од вооружени лица во близина на фабриката „Неметали“ на периферијата од Тетово.

Киднапираните биле одведени во казнено-поправниот дом во Речица што е под контрола на албанските терористи. По еден час со посредство на ОБСЕ тројцата работници биле ослободени. Камион со хуманитарна помош во организација на МЦМС и Италијанската хуманитарна организација во на жителите од општина Вратница им додели прехранбени продукти и сточна храна. Дел од оваа помош ќе биде однесена и во селата Јажинце и Орашје населени со Албанци.

Координативното тело на Владата за справување со кризи најави дека утре ќе организира конвој за раселените лица од тетовските села Непроштено, Лешок, Теарце и Вратница во придружба на возило на ОБСЕ, како гаранција за нивната безбедност. Од Координативното тело повикуваат да се тргнат блокадите во тетовско кои на индиректен начин можат да ја загрозат безбедноста на конвојот.

И Координативното тело за справување со кризи од месните заедници Беловишта, Вратница, Рогачево и Старо Село не го прифаќа блокирањето на граничните премини и други патни правци. Тие бараат од жителите на населбата Дреновец 1 да не го блокираат патот Тетово - Јажинце, кај православните гробишта. Со тоа тие предизвикуваат реакција кај албанското население да поставува блокади на патот Тетово - Порој со што особено се погодени жителите од Вратница, кои и онака се блокирани околу 50 дена. Со деблокирање на патот ќе се создадат услови за поминување на конвојот на протераните лица од Непроштено, Глоѓе, Доброште, Лешок и Теарце кои беа спречени да ги посетат своите домови, стои во соопштението на Координативното тело за справување со кризи од месните заедници Беловишта, Вратница, Рогачево и Старо Село.

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации од следната недела ќе почне со обезбедување на материјали за реконструкција и други брзи поправки на делумно оштетените објекти за кои е извршена проценка. Ова, како што е соопштено, било договорено на средбата меѓу шефот на канцеларијата на УНХЦР Амин Авад и раководителот на Координативното тело Илија Филиповски. Авад најави дека наскоро ќе биде презентиран глобален план за исполнување на условите за враќање на раселените лица, кој ќе се усогласи со планот на Координативното тело.

Извор: А1 (05.09.2001)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите А1: Дивеењето на Албанците продолжува