МИА: Избрани битолските проекти што ќе се финансираат од „Форум на заедниците“ Печати
Понеделник, 13 јули 2009 15:55

Група граѓани, неколку невладини организации и претставници на локалната самоуправа, денес со гласање ги избраа проектите што ќе се финансираат од Програмата Форуми во заедницата во општина Битола, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Со средства на Швајцарската агенција за развој и соработка, општината Битола и партиципација на локалното население ќе бидат изградени спортски комплекс во училишниот двор на селото Кишава, како и изградба на основна инфраструктура, спортско-рекреативен комплекс и летна сцена на Тумбе кафе.

- Програмата успеа да ги поттикне граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување, а општината Битола покажа дека има капацитет за практикување активно граѓанство. Проектите што добија поддршка, реализацијата на средствата во висина од шест милиони денари ќе ја почнат наесен и се очекува објектите да бидат предадени во употреба на пролет, изјави Миодраг Колиќ на денешната средба со новинарите во овој град.

Програмата Форум на заедниците со нов циклус ќе продолжи да се реализира во десет други општини низ  земјава и во различни форми, беше потврдено на денешната завршна форумска сесија во Битола.

Извор: МИА (10.07.2009)


Поврзани: