Медиумите за истражувањето „Барометар за еднакви можности“ Печати
Среда, 16 септември 2009 11:21

МЦМС: Најчест облик на дискриминација во Македонија е по партиска основа

Дискриминацијата по партиска основа со 78 проценти се смета за најчест облик на дискриминација во Република Македонија, потоа следува дискриминацијата по етничка основа (55%) и дискриминацијата по основ на возраст (48,5%).

Тоа го посочуваат резултатите од истражувањето наречено „Барометар за еднакви можности“ што го спроведе МЦМС заедно со Полио плус, Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Министерството за труд и социјална политика, а во рамки на програмата Прогрес на Европската комисија.

Веројатноста да се перципира позачестено присуство на одредена дискриминација, се наведува, е поголема доколку лицата имаат другари или познаници кои припаѓаат на групи подложни на дискриминација, а уште поголема доколку себеси се доживуваат како припадници на малцински групи подложни на дискриминација.

Во земјите од ЕУ дискриминацијата по етничка основа се перципира како најраспространета, а по неа следува дискриминацијата базирана на сексуална ориентација, но и оти дискриминацијата по сите основи, освен по етничка припадност, бележи тренд на намалување.

Половина од граѓаните (51%) сметаат дека дискриминацијата по повеќе основи е честа појава во РМ, став кој само за три процентни поени се разликува од ставот на граѓаните на ЕУ.

Граѓаните тврдат дека се чувствуваат главно пријатно во врска со различноста во своето опкружување, единствено потребата за социјално дистанцирање од лицата со хомосексуална ориентација е многу високо изразена. Кога станува збор за јавната сфера, искажаната толерантност за разликите се намалува.

Граѓаните се изјасниле дека многу полесно би можеле да прифатат претседател на Македонија да биде жена, отколку на оваа функција да биде припадник на политичка партија од опозицијата или од немнозинската етничка или религиска група. Сепак, според авторите на истражувањето, реалноста покажува дека токму родовата димензија беше потенцирана како исклучително значајна на последните локални избори (март 2009) кога прв пат не е избрана ниту една жена градоначалник.

Од испитаниците 33,5% се изјасниле дека во текот на последната година биле жртва на дискриминација или малтретирање, а 17 отсто дека биле повеќекратно дискриминирани. Половина од испитаниците кои почувствувале дискриминација биле дискриминирани по две или повеќе основи, додека сведоци на дискриминација или малтретирање на други лица се изјасниле дека биле 38,8%.

- Степенот на дискриминација во Република Македонија е далеку поголем од просечниот степен на дискриминација во земјите на ЕУ. Разликите во возраста, образованието, етничката и религиската припадност на граѓаните на Македонија придонесуваат да се јават разлики во забележувањето и искажувањето на сопственото присуство при дискриминација или малтретирање на други, стои во истражувањето.

Анкетата е направена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во соработка со Брима од Скопје на примерок од 1.606 испитаници. Истражувани се перцепциите, ставовите, познавањата и свесноста за дискриминација по снов на пол, етничка припадност, религија или уверување, возраст, инвалидност (односно попреченост во развојот), сексуална ориентација и по партиска припадност.

Извор: МИА (04.09.2009)

 

Македонците најмногу дискриминираат по партиска основа

Подобро е да победи жена на претседателските избори, отколку кандидатот на противничката партија.

Дискриминацијата по партиска основа со 78 проценти се смета за најчест облик на дискриминација во Република Македонија, потоа следува дискриминацијата по етничка основа (55%) и дискриминацијата по основ на возраст (48,5%).

Тоа го посочуваат резултатите од истражувањето наречено „Барометар за еднакви можности“ што го спроведе МЦМС заедно со Полио плус, Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Министерството за труд и социјална политика, а во рамки на програмата Прогрес на Европската комисија.

Во земјите од ЕУ дискриминацијата по етничка основа се перципира како најраспространета, а по неа следува дискриминацијата базирана на сексуална ориентација, но и оти дискриминацијата по сите основи, освен по етничка припадност, бележи тренд на намалување.

Граѓаните тврдат дека се чувствуваат главно пријатно во врска со различноста во своето опкружување, единствено потребата за социјално дистанцирање од лицата со хомосексуална ориентација е многу високо изразена. Кога станува збор за јавната сфера, искажаната толерантност за разликите се намалува.

Граѓаните се изјасниле дека многу полесно би можеле да прифатат претседател на Македонија да биде жена, отколку на оваа функција да биде припадник на политичка партија од опозицијата или од немнозинската етничка или религиска група.

Сепак, според авторите на истражувањето, реалноста покажува дека токму родовата димензија беше потенцирана како исклучително значајна на последните локални избори (март 2009) кога прв пат не е избрана ниту една жена градоначалник.

Степенот на дискриминација во Република Македонија е далеку поголем од просечниот степен на дискриминација во земјите на ЕУ.

Разликите во возраста, образованието, етничката и религиската припадност на граѓаните на Македонија придонесуваат да се јават разлики во забележувањето и искажувањето на сопственото присуство при дискриминација или малтретирање на други, стои во истражувањето.

Извор: Кирилица (04.09.2009)

 

ИСТРАЖУВАЊЕ: Дискриминацијата по партиска основа најчеста

Дискриминацијата по партиска основа со 78 проценти се смета за најчест облик на дискриминација во Македонија, потоа е дискриминацијата по етничка основа (55 проценти) и дискриминацијата по основа на возраст (48,5 проценти). Ова го покажуваат резултатите од истражувањето наречено „Барометар за еднакви можности” што го спроведе Центарот за човекови права и разрешување конфликти, на примерок од 1.606 испитаници. Истражувана е дискриминација по основа на пол, етничка припадност, религија или уверување, возраст, инвалидност, сексуална ориентација и по партиска припадност.

Половина од граѓаните (51 процент) сметаат дека дискриминацијата по повеќе основи е честа појава во Македонија. Граѓаните изразиле потреба за социјално дистанцирање од лицата со хомосексуална ориентација. Полесно би можеле да прифатат претседател на Македонија да биде жена, отколку на оваа функција да биде припадник на политичка партија од опозицијата или од немнозинската етничка или религиска група.

- Степенот на дискриминација во Македонија е многу поголем од просечниот степен на дискриминација во земјите на ЕУ. Разликите во возраста, образованието, етничката и религиозната припадност на граѓаните на Македонија придонесуваат да се јават разлики во забележувањето и искажувањето на сопственото присуство при дискриминација или малтретирање на други - стои во истражувањето.

Во земјите од ЕУ дискриминацијата по етничка основа се перцепира како најраспространета, а по неа следува дискриминацијата базирана на сексуална ориентација, но и оти дискриминацијата по сите основи, освен по етничка припадност, бележи тренд на намалување.

Извор: Време (04.09.2009)

 

Најчеста партиската дискриминација

Дури 78 отсто од граѓаните сметаат дека дискриминацијата по партиска основа е најчест облик на дискриминација во државава. Во последната година една третина од граѓаните биле жртви на дискриминација од кои најголемиот број повторно посочиле дека партиската била најчеста, покажува истражувањето „Барометар за еднакви можности“, кое го спровело МЦМС со „Полио плус“, Центарот за разрешување конфликти и Министерството за труд и социјална политика во рамки на програмата „Прогрес“ на Европската комисија.

На второ и трето место се дискриминацијата по етничка (55 отсто) и по основ на возраст (48,5).

Според истражувањето, степенот на дискриминација во Македонија е многу поголем од просечниот во земјите на ЕУ. Во земјите од ЕУ дискриминацијата по етничка основа се перципира како најраспространета, следува дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација, но и оти дискриминацијата по сите основи, освен по етничка припадност, бележи тренд на намалување. Граѓаните се изјасниле дека многу полесно би можеле да прифатат претседател на Македонија да биде жена, отколку на оваа функција да биде припадник на партија од опозицијата или од немнозинската етничка или религиска група.

Извор: Дневник (05.09.2009)


МЦМС: Најчеста дискриминацијата по партиска основа

Дискриминацијата по партиска основа со 78 отсто е најчест облик на дискриминација во земјава, потоа следи дискриминацијата по етничка основа, со 55 отсто, и дискриминацијата по основ на возраст со 48,5 отсто.

Тоа го посочуваат резултатите од истражувањето наречено „Барометар за еднакви можности“, кое го спроведе МЦМС заедно со Полио плус, Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Министерството за труд и социјална политика.

Во земјите од ЕУ, дискриминацијата по етничка основа се смета како најраспространета, а по неа следува дискриминацијата базирана на сексуална ориентација. Таму, сепак, дискриминацијата по сите основи, освен по етничка припадност, бележи тренд на намалување.

Половина од граѓаните, односно 51 отсто, сметаат дека дискриминацијата по повеќе основи е честа појава во земјава, став кој само за три процентни поени се разликува од ставот на граѓаните на ЕУ.

Извор: Шпиц (05.09.2009)


Поврзани: