КОНКУРС за изработка на студии на случај Печати
Вторник, 10 мај 2011 14:45

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), една од водечките граѓански организации, за потребите на истражувањето за Охридски рамковен договор, објавува конкурс за изработка на студии на случај.

Истражувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД) е истражувачки проект, кој ги проценува постигнувањата и влијанието на ОРД, групирани во шест димензии на ОРД, како и три димензии на околината. Проценката се прави со употреба на повеќе истражувачки методи, како анкета на население; интервјуа со клучни личности; студии на случај; анализа на литература и др.

Овој конкурс е за изработка на студии на случај, кои ќе бидат употребени за проценката, а ќе бидат објавени во изданието „Граѓански практики".

ТЕМИ НА СТУДИИТЕ НА СЛУЧАЈ

Студиите на случај треба да бидат во следните димензии на ОРД и на следните теми:

  1. Димензија: Цели и принципи на Охридскиот рамковен договор
    • повеќе показатели достапни на барање по електронска пошта
  2. Димензија: Прекин на непријателства
    • Демобилизација и амнестија; Ресоцијализација;
  3. Димензија: Развој на децентрализирана власт
    • Политичко учество на локално ниво; Полиција на локално ниво; Финансиска децентрализација; Етнички и партиски влијанија во финансирање на општините; Општински буџети;
  4. Димензија: Недискриминација и правична застапеност
    • Рамноправност на верските заедници;
  5. Димензија: Заштита од мајоризација
    • Заштита од мајоризација на општинско ниво (Комисии за односи меѓу заедниците, конкретни случаи)
  6. Димензија: Идентитет, култура, јазик и образование
    • Употреба на знамиња пред локалните јавни објекти; Употреба на јазикот во општинските органи на заедници кои се помалку од 20%; Унифицирани стандарди за академските програми;
  7. Димензија: Околина
    • Правна рамка: Сеопфатен збирен преглед на донесени закони и подзаконски акти, споредба на донесени закони со предвидените во Рамковен договор анекс Б.
  8. Димензија: Меѓуетнички односи и хоризонтална поврзаност
    • Мултикултурата одразена во политичките партии, во нивните програми и во раководствата

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

Студиите на случај треба да претставуваат длабинска и систематична анализа на конкретните прашања (показатели) наведени во конкурсот или пак слободни теми во рамките на наведените димензии.

Студијата на случај може да понуди преглед на целиот показател или пак на конкретен случај, кој е дел од показателот.

Анализата треба да се заснова на истражувања (пр. анализа на литература, анкети), интервјуа и сл.

Приказите треба да бидат напишани на македонски (со кирилична поддршка), албански или англиски јазик.

Избраните автори ќе работат во соработка и консултација со одговорните соработници во МЦМС. Големината на приказите не треба да надминува 15 страници (од 3.000 – 5.000 збора).

Преземи детално упатство за подготовка на студија на случај

АВТОРИ

Право за аплицирање имаат сите физички и правни лица, индивидуално или групно. Предност ќе биде дадена на студентите на сите три циклуса на студии, кои имаат афинитет кон истражувањена актуелни општествени и политички прашања.

ИЗБОР

Изборот на авторите ќе го врши Истражувачкиот тим, врз основа на искуството и понудената методологија од страна на кандидатите за автори.

Избраните автори ќе бидат известени најдоцна пет дена по завршувањето на конкурсот.

ФОНД НА КОНКУРСОТ

Вкупниот фонд за конкурсот изнесува 300.000 денари. Поединечните надоместоци нема да ја надминат сумата од 30.000 денари. Висината на поединечниот надоместок ќе зависи од понудената методологија за подготовка на студијата на случај.

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето се врши со испраќање на пријава и биографија на физичкото лице т.е. референци на правното лице на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 16 мај 2011 г.

Во пријавата треба да се наведе и рокот за испорака на студијата на случај.

Преземи пријава за подготовка на студија на случај

Преземи формат на биографија

Преземи преглед на релевантни референци - за правни лица

Преземи детално упатство за подготовка на студија на случај

Прашања за појаснување на конкурсот може да се постават најдоцна до 14 мај 2011 г. на горенаведената адреса за е-пошта.


Поврзани: