МЦМС бара ко-модератор за општина ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС бара ко-модератор за општина ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО PDF Печати Е-пошта
Сабота, 03 септември 2011 13:43

Целта на програмата „Форуми во заедницата" е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).

Во периодот октомври 2011 – март 2013, Форумскиот процес во општина Чешиново-Облешево ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, 9 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.

Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 6 до 8 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:

  • Раководење и координирање со Оперативната група;
  • Организирање и ко-модерирање на форумски сесии, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
  • Помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
  • Организирање и ко-модерирање на состаноци помеѓу форумски сесии;
  • Техничка подготовка на форумски сесии (сала, постери, опрема);
  • Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
  • Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
  • Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, МЦМС и SDC;
  • Подготовка на месечни извештаи.

Квалификации и искуство:

  • универзитетско образование
  • познавање на англиски јазик
  • активно користење на компјутер (WORD, EXCEL, OUTLOOK)
  • познавање на процесот на децентрализација
  • искуство во работа со невладни организации
  • да е жител на општината
  • искуство во фасилитација, координација и известување
  • наклонетост кон тимска работа
  • одлични комуникациски вештини

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 5 септември (понеделник ) до 17 часот, на следната адреса:

ул."Никола Парапунов", бб П.фах 55, 1060 Скопје или на електронска пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи МЦМС бара ко-модератор за општина ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО