Оглас: Форум на граѓански организации од пограничнот регион на Република Македонија со Република Албанија Печати
Петок, 17 Февруари 2012 13:39

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во партнерство Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија и Еколошкото друштво „Дешат“ од Дебар со задоволство ви го најавуваат: „Форумот на граѓански организации од пограничнот регион на Република Македонија со Република Албанија“ што ќе се одржи на 23 и 24 март 2012 година во Домот на културата во општина Дебар.

На Форумот можат да учествуваат:

  • Граѓански организации: здруженија на граѓани и фондации, синдикати, стопански комори, организации на работодавачи и верски заедници.
  • Единици на локална самоуправа и локални институции (агенции, јавни претпријатија, училишта, универзитети и сл.).

Предност ќе имаат организациите кои се регистрирани или дејствуваат во пограничните региони и тоа: Полог, Југозападна Македонија (Македонија) и Дибра, Елбасан (Албанија).

Форумот ќе се состои од изложбен дел, јавни дебати и социокултурни настани. Изложбениот простор ќе биде организиран преку штандови, постери и аудио-визуелни презентации. Се очекува да се претстават околу 50 граѓански организации и други чинители од пограничниот регион.
На јавните дебати (панели, тркалезни маси) ќе се дискутира за повеќе прашања од заеднички интерес на граѓаните, граѓанските организации и другите чинители од пограничниот регион.
Со социокултурните настани ќе се промовираат културното и природното наследство и вредности на пограничниот регион.

Влезот за посетителите на Форумот е слободен. За граѓаните од регионите Полог и Југозападна Македонија ќе биде обезбеден бесплатен транспорт.

Повеќе информации за Форумот може да се најдете во информацијата за настанот. Пополнете и пријавете се за учество во изложбениот, форумскиот или делот за социокултурни настани.

Крајниот рок за пријавување е 07 март 2012 г. (среда).

Повеќе информации за Форумот, како и за начинот на пријавување за учество може да се најдат на овој линк, како и преку е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Крајниот рок за пријавување е 07 март 2012 г. (среда)


Поврзани: