МЦМС бара ко-модератор за општините Василево и Босилово Печати
Петок, 17 август 2012 19:25

Во периодот август 2012 – декември 2013 г., форумскиот процес во општините Василево и Босилово ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

За потребите на Форумот се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР, кој ќе биде ангажиран во времетраење од шест (6) месеци, девет (9) работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.

Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Повеќе информации може да се добијат на www.forumivozaednicata.com.mk.

Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и е раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 9 до 11 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:

  • Раководење и координирање на Оперативната група;
  • Организирање и ко-модерирање форумски сесии, вклучително и регрутација на учесници на Форумот;
  • Помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
  • Организирање и ко-модерирање состаноци помеѓу форумски сесии;
  • Техничка подготовка на форумски сесии (сала, постери, опрема);
  • Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
  • Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
  • Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, МЦМС и СДЦ;
  • Подготовка на месечни извештаи.

Квалификации и искуство:

  • универзитетско образование;
  • познавање англиски јазик;
  • активно користење компјутер (Word, Excel, Outlook);
  • познавање на процесот на децентрализација;
  • искуство во работа со граѓански организации;
  • да е жител на општините;
  • искуство во фасилитација, координација и известување;
  • наклонетост кон тимска работа;
  • одлични комуникациски вештини.

Опис на работни задачи за ко-модератор во проектот „Форум во заедницата“.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 22 август 2012 г. (среда) на следната адреса: МЦМС, ул. Никола Парапунов бб, П. фах 55, 1060 Скопје или на електронска пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .


Поврзани: