МЦМС бара ко-модератор за општина Македонска Каменица Печати
Среда, 02 јануари 2013 11:58

Во периодот јануари 2013 – мај 2014 г., форумскиот процес во општините Македонска Каменица и Делчево ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

За потребите на Меѓуопштинскиот форум се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, шест работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.

Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).

Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 9 до 11 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:

  • Раководење и координирање со Оперативната група;
  • Организирање и ко-модерирање на форумски сесии, вклучително и регрутација на учесници на форумот;
  • Помош на модераторот при водењето на форумските сесиите;
  • Организирање и ко-модерирање на состаноци помеѓу форумски сесии;
  • Техничка подготовка на форумски сесии (сала, постери, опрема);
  • Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
  • Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
  • Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, МЦМС и СДЦ;
  • Подготовка на месечни извештаи.

Квалификации и искуство:

  • универзитетско образование,
  • познавање на англиски јазик,
  • активно користење на компјутер (Word, Excel, Outlook),
  • познавање на процесот на децентрализација,
  • искуство во работа со невладни организации,
  • да е жител на општината Македонска Каменица,
  • искуство во фасилитација, координација и известување,
  • наклонетост кон тимска работа,
  • одлични комуникациски вештини.

Опис на работни задачи за ко‐модератор во проектот „Форум во заедницата“.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 8 јануари 2013 г. (вторник) на следната адреса: ул. Никола Парапунов, 41а, П.фах 55, 1060 Скопје; или на електронска пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .


Поврзани: