Конкурс за избор на најдобра фотографија 2013 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Конкурс за избор на најдобра фотографија 2013 PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 08 јули 2013 10:11

Полио плус, МЦМС и Комисијата за заштита од дискриминација во рамките на проектот „Од норма до пракса“ објавуваат конкурс за избор на најдобра фотографија 2013 објавена на тема „ДИСКРИМИНАЦИЈАТА НИЗ МОЈОТ ОБЈЕКТИВ“.

Цел на конкурсот е да се стимулира редовно и објективно медиумско следење и согледување на дискриминацијата во државата, по сите основи и на нееднаквите можности за сите ранливи групи, заради поттикнување поголема свест и одговорност на целата заедница за нејзино надминување.

Bilbord-progres-pecat

Услови

Овој конкурс опфаќа фотографија на дадената тема, од професионални фоторепортери и фото-аматери, објавена на македонски интернет-портал, или во македонски печатен медиум, во период од јануари до крајот од септември 2013 година.

Начин на пријавување

Потребно е да се достави оригиналот од фотографијата (дим: 20х30 см, и во електронска форма, снимена на ЦД), „принт-скрин“ / линк за интернет порталот, или оригиналот од пeчатеното издание во кое е таа објавена, куса биографија на кандидатот, и резиме за тоа како и каде настанала фотографијата.

Начин на доставување

Апликациите треба најдоцна до 30.9.2013 година, да се достават на aдреса: ПОЛИО ПЛУС - движење против хендикеп, бул. АВНОЈ бр. 64 - локал 2, 1000 Скопје.

Пристигнатите трудови ќе ги оцени стручно жири, а ќе бидат објавени во заеднички каталог и на изложба, на која ќе бидат доделени и наградите:

  1. НАГРАДА: 1.000 евра
  2. НАГРАДА: 700 евра
  3. НАГРАДА: 500 евра

За подетални информации контактирајте на тел: 02/2400-544 или на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата Прогрес (2007-2013).

Повеќе за условите, начинот на пријавување и на доставување, како и други информации:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Конкурс за избор на најдобра фотографија 2013