КОНКУРС за вработување на социјален работник и правник - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

КОНКУРС за вработување на социјален работник и правник PDF Печати Е-пошта
Среда, 07 август 2013 00:00

Двете ангажирани лица ќе работат во канцеларија во Кривогаштани на задачи поврзни со правата на работниците ангажирани во производството на тутун. Освен сервисирање на жалбите и поплаките, ангажираните лица ќе работат и на поддршка на земјоделците за административни прашања. 

Ангажманот на социјалниот работник/чка е за 12 месеци со полно работно време, а позицијата правник/чка е отворена за 12 месеци со половина работно време. Двете позиции се со можност за продолжување.

Кандидатите треба да имаат:

  • Диплома за завршено соодветно високо образвание (социјална работа и политика/правен факултет);
  • Претходно искуство во советување;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за работа во тим;
  • Способност за комуникација на англиски јазик (зборување и пишување)
  • Способност за работа со компјутери, активно користење на МС Офис (MS Office)

Конкурсот е отворен до 13 август 2013 година. Најдоцна до 17 часот, кандидатите треба да испратат:

  • Диплома за завршено образование; 
  • Биографија во формат на MЦМС;
  • Писмо за мотивација;
  • Барем една препорака од претходни работни ангажмани или од институцијата каде е завршена соодветна обука.

Документите се доставуваат по електронска пошта на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или по пошта на адреса: МЦМС, ул. Никола Парапунов бр. 41а, п.фах 55, 1060 Скопје.

Селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју во рок од седум дена од завршувањето на огласот. Избраните кандидати пред започнувањето на ангажманот ќе посетат обука. 

Дополнителни информации можат да се побараат икслучиво на е-пошта на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Преземи документ: биографија во формат на MЦМС

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи КОНКУРС за вработување на социјален работник и правник