Пракса за добро владеење и антикорупција во организациите членки на мрежата СЕЛДИ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Пракса за добро владеење и антикорупција во организациите членки на мрежата СЕЛДИ PDF Печати Е-пошта
Среда, 26 Февруари 2014 15:26

Мрежата за лидерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ (www.seldi.net) е коалиција за добро владеење и антикорупција во која членуваат 17 граѓански организации од девет земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.

Мрежата СЕЛДИ нуди можност за неплатена практична работа за перспективните студенти од водечките универзитети од Европската Унија (ЕУ), кои се заинтересирани за стекнување на искуство во една или неколку граѓански организации кои работат на теми поврзани со борба против корупција во Југоисточна Европа (ЈИЕ).

Одговорности

Практикантите ќе обезбедуваат поддршка преку спроведување на следниве активност:

  • Поддршка и анализа во процесот на следење на корупцијата;
  • Статистичка анализа на податоци;
  • Подготовка на документи за јавна политика;
  • Прибирање информации за претстојните извештаи за проценка на корупцијата;
  • Организирање на настани;
  • Асистирање во секојдневното работење на организацијата домаќин.

Придобивки

Преку заедничката програма за практикантска работа, практикантите ќе можат:

  • Да добијат основно искуство за улогата на граѓанското општество во областа на антикорупцијата 
  • Да го подобрат регионалното разбирање во Европа
  • Да посетат различни земји и стекнат искуство во различни работни средини и култури
  • Да се фокусираат на една тема и методологија и споредба на спецификите помеѓу различни земји

Услови

Кандидатите треба да имаат:

  • Одлични универзитетски квалификации
  • Познавање на англискиот јазик (познавање на втор ЕУ јазик ќе се смета за предност, особено ако е јазикот на земјата на организацијата домаќин)
  • Компјутерска писменост (табеларни пресметки, презентации)
  • Многу добри пишувачки и аналитички вештини
  • Организациски способности
  • Способност за брзо и ефикасно пребарувања во бази на податоци и на интернет
  • Способност за работа под притисок

Забелешка: Апликантите кои ќе ја одберат Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) за институција домаќин, треба да ги земат во предвид специфичните барања на РАИ за пракса.

Времетраење

  • Препорачаното времетраење на секоја пракса е најмалку 3 месеци во периодот пролет – есен 2014.

Аплицирање

Кандидатите треба да ги испратат следниве документи на адресата  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

  • ЦВ во Еуропас формат на англиски јазик, кое ќе вклучува информации за контакт
  • Мотивациско писмо
  • Напишан текст (минимум 3 страници) на англиски
  • Избор на организации домаќини
  • Период на посакуван престој. Кандидатите треба да имаат во предвид дека приоритет ќе им биде даден на оние кои што навеле минимален престој од три месеци.
  • Кандидатите треба да имаат наведено како ќе ги покријат своите трошоци за патување, сместување и престој.

Одобрување на кандидатите

  • Апликациите ќе бидат разгледувани еднаш месечно (од март 2014 г. до средина на септември 2014 г.). Само кандидати селектирани за интервју ќе добијат повратен одговор.

Организации/институции домаќини

Потенцијалните организации домаќини се следните граѓанските организации – партнери во СЕЛДИ мрежата:

  • Центар за изучување на демократијата (ЦСД), Бугарија
  • Албански центар за економски истражувања (АЦЕР), Албанија
  • Центар за демократска транзиција, Црна Гора
  • Центар за истражувачко новинарство (ЦИН), Босна и Херцеговина
  • Центар за либерално-демократски студии (ЦЛДС), Србија
  • Форум за граѓанска акција ФОРЦА Пожега, Србија
  • Куќа на Европа, Албанија
  • Институт Алтернатива (ИА), Црна Гора
  • Институт за демократија ‘Социетас Цивилис’ (ИДСЦС), Република Македонија
  • Институт Риинвест, Косово
  • Косовски правен институт, Косово
  • Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Република Македонија
  • Охрид институт за економски стратегии и меѓународни работи, Република Македонија
  • Партнерство за социјален развој (ПСД), Хрватска
  • Секретаријат на регионалната иницијатива за антикорупција (РАИ), Босна и Херцеговина
  • Сири и визионит, Косово
  • Турска фондација за економски и социјални науки (ТЕСЕВ), Турција

Преземи го огласот на англиски јазик

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Пракса за добро владеење и антикорупција во организациите членки на мрежата СЕЛДИ