Kонкурс за млади соработници, потенцијални кандидати за испорачатели на услуги во ПРФ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Kонкурс за млади соработници, потенцијални кандидати за испорачатели на услуги во ПРФ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 03 март 2014 12:28

Отворен е конкурс за млади соработници, потенцијални кандидати за испорачатели на услуги во рамки на проектот Пристап на Ромите до Фондови (ПРФ) Македонија, кој се спроведува од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Иницијатива за социјална промена (ИнСоК), како дел од програмата „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“ (МтМ) на Фондацијата Институт Oтворено Oпштество, Будимпешта. Ангажманот на младите соработници е за период од 10 месеци. Целта на ангажманот е поддршка на сениор консултантите во процесот на работа со “корисниците“ и во процесот на развој на предлог проекти во корист на Ромите за финансирање од ЕУ и други фондови. Под „корисници“ во ПРФ се подразбираат организации кои конкурираат со проекти за ЕУ фондови независно или во партнерство, вклучително централни и/или локални институции, јавни услужни организации, формални и/или неформални организации на граѓанското општество (особено ромски), меѓународни организации и приватни претпријатија.

Од избраните кандидати се очекуваат следните резултати:

  • активно и успешно учество на обука за подготовка на проекти и успешно одработена задача која ќе им биде дадена на кандидатите
  • подддршка на најмалку 3 целосно развиени и аплицирани проекти на ЕУ и други фондови (работа заедно со сениор консултант)

Кандидатите за треба да ги исполнуваат следните барања:

  • универзитетско образование, препорачливо во соодветна област, како управување, јавна администрација, итн; кандидати со пониско образование можат да бидат земени во предвид доколку имаат докажно соодветно искуство од најмалку 3 години;
  • напредно познавање и вештини за проектно спроведување и најмалку 3 години докажано искуство во проектно спроведување (планирање, спроведување и набљудување);
  • најмалку 1 година докажано искуство во учество на процеси на планирање (со учество на засегнати страни);
  • напредно познавање на македонски и англиски јазик; познавање на други локални јазици ќе се смета за предност;
  • знаење и разбирање на состојбата на ромската заедница, политиките насочени кон Ромите, други соодветни јавни политики, како и процесот на пристап кон ЕУ; познавање од ЕУ финансирање ќе се смета за предност;
  • предност ќе биде дадена на кандидатите кои припаѓаат на ранливи групи, вклучително Роми, жени, итн.

Заинтересираните кандидати треба да достават работна биографија во формат на ЕУ и мотивационо писмо од една страница (двата документи на англиски јазик и со вклучени контакт информации) најдоцна до 10 март 2014 по електронска пошта на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Селекцијата на кандидатите се состои од два дела: 1) врз основа на доставени документи успешните кандидати ќе бидат поканети на обука и изработка на задача; 2) врз основа на учеството на обуката и успехот на завршената задача ќе биде направен конечен избор. Успешните кандидати ќе бидат информирани најдоцна до 31 март 2014 г.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Kонкурс за млади соработници, потенцијални кандидати за испорачатели на услуги во ПРФ