Оглас за Консултант за набљудување на проекти - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Оглас за Консултант за набљудување на проекти PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 10 март 2014 16:05

Ангажманот е во рамките на проектот „Пристап на Ромите до фондови“ (ПРФ) Македонија, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Иницијативата за социјална промена (ИнСоК), како дел од програмата „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“ (МтМ) на Фондацијата Институт Oтворено општество, Будимпешта.

Ангажманот на консултантот за набљудување на проекти е за период од 12 месеци.

Целта на ангажманот е:

  • набљудување на проектите кои се подржани во проектот ПРФ Македонија;
  • подготовка на извештаи од набљудувањето (на англиски јазик) и поднесување до донаторот ОСИ, Будимпешта (преку МЦМС и ИнСоК);
  • подготовка на информации за веб страната на проектот ПРФ Македонија (на македонски и на англиски јазик)
  • други активности поврзани со набљудувањето на проектите поддржани во проектот ПРФ Македонија.

Кандидатите за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • универзитетско образование, (препорачливо во  општествени науки)  
  • напредно познавање на англиски јазик;
  • познавање на други локални јазици (ромскиот, ќе се смета за предност);
  • напредно познавање  на компјутерски вештини
  • најмалку 5 години докажано искуство во проектно спроведување (планирање, спроведување и набљудување);
  • познавање и разбирање на состојбата на ромската заедница, политиките насочени кон Ромите, други соодветни јавни политики, како и процесот на пристап кон ЕУ;
  • познавањето на проектниот менаџмент на ЕУ ќе се смета за предност;
  • предност ќе биде дадена на кандидатите кои припаѓаат на ранливи групи (вклучително Роми и жени)

Заинтересираните кандидати треба да достават работна биографија во формат на ЕУ и мотивациско писмо од една страница (двата документи на англиски јазик и контакт информации) најдоцна до  20 март 2014  по електронска пошта на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Оглас за Консултант за набљудување на проекти