Оглас за Регионален координатор за Источна Македонија Печати
Понеделник, 10 март 2014 16:14

Ангажманот е во рамките на проектот  Пристап на Ромите до фондови (ПРФ) Македонија, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Иницијативата за социјална промена (ИнСоК), како дел од програмата „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“ (МтМ) на Фондацијата Институт Oтворено општество, Будимпешта.

Ангажманот на Регионалниот координатор е за период од 12 месеци.

Од избраниот кандидат се очекува да биде контакт лице за проектот во однос на проектни идеи, да дава услуги и логистичка помош за иницијативата на ПРФ/МтМ на локално ниво, да одржува редовни состаноци со локалните засегнати страни, да учествува во промотивни/информативни настани релеванти за иницијативата на МтМ/ПРФ на локално ниво, да собира информации релевантни за иницијативата на МтМ/ПРФ на локално ниво и да врши други административни/логистички работи поврзани со спроведување на проектот.

Кандидатите за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • универзитетско образование, (препорачливо во  општествени науки)  
  • напредно познавање на англиски јазик;
  • познавање на други локални јазици (ромскиот, ќе се смета за предност);
  • напредно познавање  на компјутерски вештини
  • најмалку 3 години докажано искуство во проектно спроведување (планирање, спроведување и набљудување);
  • познавање и разбирање на состојбата на ромската заедница, политиките насочени кон Ромите, други соодветни јавни политики, како и процесот на пристап кон ЕУ;
  • познавање на проект менаџментот на ЕУ ќе се смета за предност;
  • предност ќе биде дадена на кандидатите кои припаѓаат на ранливи групи (вклучително Роми, и жени).

Заинтересираните кандидати треба да достават работна биографија во формат на ЕУ и мотивациско писмо од една страница (двата документи на англиски јазик и контакт информации) најдоцна до 20 март 2014 по електронска пошта на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .


Поврзани: