Повик за доставување предлог проекти: Балкански фонд за јавни политики Печати
Вторник, 21 април 2015 08:38

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) заедно со организациите членки го објави третиот повик за доставување предлог проекти кои ќе опфатат подготовка на документи за јавни политики во рамки на регионалниот проект „Acquis на балканското граѓанско општество - јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“.

На повикот можат да учествуваат граѓанските организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010).

Пријавите за предлог проекти треба да бидат на следните теми (од матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанско општество):
Под-област 2.3 Државни политики и правна средина за вработување во граѓанските организации
Под-област 3.3 Поддржувачка околина за вклучување на граѓанските организации во обезбедувањето услуги

Максималниот износ на грантот е 3.000 евра (100%, без кофинансирање), а за Македонија ќе бидат доделени два гранта. Заинтересираните граѓански организации треба да приложат кратка биографија (на англиски јазик), Предлог проект и Буџет на предлог проектот на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Рокот за доставување на бараните документи е 10 мај 2015 година.

Сите информации за објавениот повик може да ги најдете на следниот линк.

МЦМС, како партнер во регионалниот проект е дел од процесот на доделувањето грантови. Подготвените документи за јавни политики ќе бидат значителен извор на податоци при подготовката на новиот извештај за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество.

Целта на проектот е да придонесе кон градењето на капацитетите на граѓанските организации во ИПА земјите за следење и застапување за политики кои влијаат врз граѓанското општество опфатени во областите на матрицата за следење или од Насоките на ЕУ за поддршка на граѓанското општество во земјите од проширувањето, 2014-2020.


Поврзани: