Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Оглас за сместување на студенти од САД, Канада и Австралија со македонско потекло од 8-29 јули 2016 PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 06 јуни 2016 00:00

МЦМС ги поканува семејствата од Скопје, кои имаат можност и сакаат, да се пријават и изразат интерес за обезбедување сместување и храна за студентите од САД, Канада и Австралија, кои како дел од програмата „Родум од Македонија“ ќе престојуваат во Македонија во периодот од 8 до 29 јули 2016 година.

За време на престојот младите ќе извршуваат практична работа во организации/институции /компании во Скопје, со цел да стекнат различни вештини согласно нивните академски цели. Сместувањето во семејства ќе им овозможи да бидат во допир со нашата култура, да се запознаат со нашето секојдневие и најважно, да создадат трајни пријателства.

„Родум од Македонија“ се организира по втор пат. По успешниот старт од минатата година, кога можноста ја искористија четворица студенти, оваа година интересот е уште поголем. Веќе се пријавени седум кандидати, а очекувањата се дека ќе бидат помеѓу 10 и 20.

Со обезбедувањето на три-неделен дом за некој од заинтересираните студенти, вие ќе му овозможите да се приближи до неговите корени и неговото разбирање на културата и традицијата на Македонија. Вашиот интерес да бидете домаќини на еден од студентите, можете да го искажете на следниот маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 30 јуни 2016 година.

Потребните услови кои секое семејство треба да ги исполнува се наведени во Документот за согласност. За сместување на студентите е предвиден паричен надомест од 100 американски долари.

„Родум од Македонија“ е дел од глобалниот проект „The Macedonian Heritage Village“, што го спроведува Обединета македонска дијаспора (ОМД).

По изборот на младите учесници од САД и Канада во оваа програма, ќе ги известиме сите заинтересирани семејства кои се пријавиле со надеж за успешно поврзување.

За сите дополнителни информации може да не контактирате на тел. 02 3088-981; 072 226-144 или е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Проекти

Civica Mobilitas Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Оглас за сместување на студенти од САД, Канада и Австралија со македонско потекло од 8-29 јули 2016