Јавен повик за понуди за избор на добавувач на истражувања на општествени теми [бр.11-284/5-2016] - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен повик за понуди за избор на добавувач на истражувања на општествени теми [бр.11-284/5-2016] PDF Печати Е-пошта
Сабота, 05 ноември 2016 00:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во тендерска постапка за набавка на истражувања. Предмет на набавката се истражувања на важни општествени теми кои ги засегаат граѓаните на Република Македонија.

Тендерската постапка се спроведува во рамките на проектот „Топ тема на ваша страна“, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а спроведуван од Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка. 

Рокот за доставување на понудите е 11.11.2016 г. до 16:00 часот. 

Право на учество имаат сите заинтересирани понудувачи кои подигнале тендерска документација и кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација. Заинтересираните понудувачи можат да подигнат тендерска документација лично во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), на адреса: ул. Никола Парапунов 41А, Скопје, преку контакт на телефон 02 3088972, или преку електронска адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Лице за контакт е Фанија Ивановска. 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Јавен повик за понуди за избор на добавувач на истражувања на општествени теми [бр.11-284/5-2016]